fbpx

Николовски од Штип: Покажавме дека две и пол години може да бидат многу повеќе од 11 години, после 15 јули продолжуваме да градиме и да создаваме за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

„После големата победа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ на 15 јули, веднаш наредниот ден ќе ги засукаме ракавите и ќе продолжиме да градиме мостови како мостот „Иднина“, затоа што нема да има жални врби, и барок и споменици. Којзнае колку мостови, како овој овде во Штип, лежат во барокот на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе го изградиме еден од најкапиталните проекти за Штип, сон за сите генерации Браната Отиња. Колку вакви брани можеа да бидат направени ако го немаше Скопје 2014 или ако не се изнесуваа парите на Белизе на криминалците. Ќе градиме детски градинки, филтер станици, нови базени, патишта, затоа што покажавме дека се работи упорно, чесно и домаќински“, порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме“, од вечерашната трибина во Штип.

Тој нагласи дека кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ е без ниту една дамка и има право да ја бара поддршката од Штип и од цела ИЕ 3.

„Затоа што покажавме дека две и пол години се многу повеќе од 11 години. Од најизолирана, раскарана држава денеска имаме стратешки партнери. Благодарение на храброста на Зоран Заев. Затоа е јасно дека победата ќе дојде и од ИЕ 3. На 15 јули граѓаните нема да се враќаат назад, ќе го продолжат овој европски пат, пат на иновативна и еколошка земја. Ги менуваме вредностите и воведуваме нови политички стандарди. Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ само ја врати меморијата на граѓаните дека тие сакаат да го вратат Груевски. Тоа се негови кандидати, нудат обнова на режимот, криминалот, стравот, корупцијата“, рече Николовски во Штип.

Последни вести