Соопштение за јавност
Спасовски на Телма: Новата развојна економија и целата Програма за новиот мандат се поставени на реални основи и ќе има повисоки плати, пензии, социјална помош, поддршка за младите, да гласаме масовно на изборите
Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, во дебатата на ТВ Телма ги објасни столбовите на новата Програма на СДСМ и нагласи дека концептот за нова развојна економија е поставен на реална осноова.
„Првиот столб на Програмата е да развиеме нова македонска економија, вториот да градиме здравствен систем којшто ќе биде посветен на потребите на граѓаните, потоа правда и правна држава, понатаму, земја – членка на НАТО значи можеме и во ЕУ и Македонија – еко држава, тоа се основните столбови. Сите проекти од Планот за живот ги реализиравме. Минималната плата од 8.600 денари ја покачивме на 14.500. Просечната плата од 22.300 денари, ја покачивме на 27.500 денари. Да ја вадите државата од режим, да ги консолидирате финансиски институциите и да работите за повисоки плати и пензии. Ова со КОВИД-от се ефектира на економијата, но се покажа дека малите економии имаат помали штети и дека можат најбрзо да се вратат во економска активност. Ако ние во првите 15 дена од јуни имаме приходи во Буџетот коишто се сголемени од 5 – 7 проценти во однос на јуни 2019, тоа покажува дека сме во добра економска кондиција. Се што е каѓано во Програмата се базира на реални можности. Затоа велидем дека во наредиот мандат ќе имаме поддршка за домашните претпријатија и странските инвестиции во висина од 300 милиони евра пари од Буџетот и 300 милиони од европските фондови. Со тоа ќе се поддржат многу од мерките. Една од тие мерки е зголемување на платата од секој работавач до 6.000 денари, државата ги покрива придонесите, тоа е една од одлуките на Владата. Одлуката за младинскиот додаток од 3.000 денари останува и понатаму.
Нова мерка е секој млад вработен во производството и во земјоделието, ќе го враќаме персоналниот данок, државата ќе го уплати на сметката на работникот за да ги мотивираме луѓето да одат што е можно повеќе во реалниот сектор. Ако за две и пол години, до сега три, имаме 660 милиони евра странски инвестиции, тие се должат и на добрата бизнис клима и на решавањето на приоритетите, НАТО Алијансата, почетокот на преговорите со ЕУ – за очекување реално според највите коишто се, или пред договори склучени со одредени коммании е тоа да биде за 4 години 1 милијарда евра странски инвестиции.
`Се што е запишано во програмата, минимална плата од 20.000 денари, просечна плата од 34.000 денари, зголемување на социјалната помош за 34.000 семејства, растот на пензиите – со закон сакаме да утврдиме минимална пензија од 10.700 денари, да ги покачиме сите пензии под 10.700 за 21 процент, сето ова ќе се базира на реалната економија којашто ја имаме. И во времето на здравствено-економската криза покажавме дека носиме вистински одлуки коишто помагаа и на стопанството и на работниците, односно на граѓаните.
Апелирам, ги повикувам граѓаните масовно да излеземе на изборите на 15.јули, затоа што треба да носиме важни одлуки за државата“, рече Спасовски во вечерашната дебата на ТВ Телма.