fbpx

Николовски од Делчево: Истокот ќе ја најави големата победа на 15 јули за Коалицијата „Можеме“, која гради мостови и европска иднина за сите нас

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

„Големата победа на 15 јули на СДСМ и на Коалицијата „Можеме“ќе дојде и од Делчево, и третата Изборна единица, од тука ќе ја пратиме пораката дека ставаме крај на сите остатоци на режимот. Затоа што имаме кандидатска листа чиста како солза, нема ниту една дамка за кој било од нас. За нас зборот е збор, зад нас има дела, има проекти. Државата беше пред пропаст, изолирана, раскарана и никој не веруваше дека режимот може да се урне, а не па денес да сме во НАТО. И го урнавме режимот и влеговме во НАТО. Затоа денеска од тука од Делчево ве уверувам дека после 15 јули владата ќе ја предводи СДСМ и Коалицијата „Можеме“, порача Љупчо Николовски, генерален секртеар на СДСМ и носител во ИЕ3 на Коалицијата „Можеме“, на вечерашната трибина во Делчево.

Тој оцени дека Делчево е пример како централната и локалната власт можат функционираат заедно, да бидат ефикасни ида работат во интерес на граѓаните.

„Колку само патишта како Делчево-Звегор, како Делчево-Пехчево, како вашиот булвар, или колку проекти што следат како што е проектот за Градскиот пазар, или за водоснабдувањето во Делчево ќе беа реалност ако не се изнесуваа парите во Белизе, ако парите не се инвестираа во стиропор или во белата палата“, праша Николовски.

Тој нагласи дека граѓаните ставија крај на тој страв, на тоа невреме, на тоа време на уцени, кога се окупираа делчевски фирми, кога хараа Мијалков и бандитите на Груевски и сееја страв насекаде.

„Затоа на 15 јули граѓаните ќе се одлучат за најголемата и најмоќната Коалиција „Можеме“ која гарантира напредок и европска иднина. Коалиција која гради мостови и гради патишта“, рече Николовски.

DCIM100MEDIADJI_0382.JPG
Последни вести