fbpx

Спасовски: Сите знаеме дека опцијата за сигурност и подобро се Зоран Заев и СДСМ, да излеземе на гласање, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обнова на режимот и опасност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и носител во ИЕ 2

 

 

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Влеговме во НАТО и сме на почеток на отворањето на преговорите за членство во ЕУ, со што ги остваривме двете стратешки државни цели, при тоа заштитувајќи во целосно идентитетот – нешто што режимот на ВМРО- ДПМНЕ цела деценија намерно го блокираше, за во изолирана држава да краде и да се богати.

Денес сме 30-та земја членка на НАТО. Во Програмата велиме можеме и во ЕУ бидејќи и Преговарачка рамка е утврдена, а од највисоките политички нивоа во Унијата, лично од германската канцеларка Ангела Меркел, слушнавме најава за отворање на првите поглавја меѓу нашата земја и ЕУ.

Во Преговарачката рамка, македонскиот јазик е наведен како јазик на којшто треба да се преведе европското законодавство пред да станеме држава членка на ЕУ. Македонскиот јазик е наведен и во личната карта на државата во Обединетите нации. Република Северна Македонија, македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност, денес се признаени од целиот свет.

Разобличени се лагите на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ за наводно губење на идентитетот и на јазикот. Изгубени се само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во пустите надежи за обнова на режимот.

На правиот пат сме и обновен режим не смееме да дозволиме.

СДСМ е сигурност. ВМРО-ДПМНЕ е опасност. Со Зоран Заев и СДСМ одиме напред. Со Мицкоски, продолжена рака на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, се враќаме назад.

И вие знаете дека опцијата за подобар живот и за сигурна иднина на државата се Зоран Заев и СДСМ.

Најавуваме дека во следните 4 години ќе отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 5 – 6 години ќе го затвориме преговарачкиот процес. Од европските фондови со тоа обезбедуваме 2,5 милијарди евра за државата за европски стандарди – дома. Евроатланскиот пат овозможува и нови странски инвестиции од една милијарда евра на што се обврзуваме. Ќе ги поддржиме и домашните и странските претпријатија во земјава со 600 милиони евра, во новата развојна економија, за повисоки плати, пензии, работни места, за уште повеќе пари назад кон граѓаните.

Донесовме храбри и лидерски одлуки со што ја осигуравме државата во НАТО и кон ЕУ и го заштитивме целосно идентитетот и одлучно се справуваме и со здравствено-економската криза.

Знам дека не сте подготвени вашето здравје да го доверите на неодговорни луѓе како Мицкоски и носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, кои се продолжена рака на режимот и мислат само на себе.

На овие избори се носи голема одлука за продолжување по правиот пат. Гласањето е целосно безбедно. Сите протоколи за безбедно гласање се утврдени. Да постапиме одговорно, да излеземе на изборите на 15 јули и да овозможиме победа на Сигурноста наспроти Опасноста.

Да избереме функционални институции коишто уште повеќе и уште подобро ќе бидат во можност да продолжат да се грижат за граѓаните и државата.

Да заокружиме број 3. За сигурност.

[🔴Во живо] Прес-конференција на носителот на ИЕ2 Оливер Спасовски

Posted by Oliver Spasovski on Четврток, 09 јули 2020

Последни вести