fbpx

Заев за Алсат: Ние донесовме храбри и историски одлуки, сега се на ред граѓаните, да излезат да гласаат за СДСМ и Коалицијата „Можеме“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

За да можат сите граѓани да бидат заштитени, за да сме сигурни дека нема да бидат поништени историските закони и договори со соседите, единствената опција е граѓаните да гласаат за Коалицијата „Можеме,” рече претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју на Алсат-М телевизија.

„На другата страна имате луѓе како Гордана Силјановска кои отворено зборуваат против законот за јазиците, преспанскиот договор и договорот со Бугарија. Тие дури зборуваат и за поништување на рамковниот договор и ново уредување на државата. Тоа се нови горчини. Нови конфликти. Нови проблеми. Со тоа нема да можеме да ја донесеме Европа дома.” посочи тој.

Заев посочи дека на изборите важен е секој глас, дека секој глас може да донесе промена.

„Гласајќи за другите партии од албанскиот блок кои би влегле во коалиција со Мицкоски, тоа впрочем значи минирање на нашите евро-атлантски интеграции, и на договорите кои ни го овозможија тоа. Не верувам дека Мицкоски ќе добие таква шанса, да ги поништи сите успеси. Но моето политичко искуство кажувам, и стотина гласа имаат моќ да ја одлучат иднината на државата Ние донесовме одлуки без да мислиме да мислиме на личниот или партиски рејтинг. Донесовме храбри и историски одлуки. Сега е време граѓаните да го направат истото,” заклучи Заев.

Последни вести