fbpx

Спасовски: Слушаме како носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ местеле сообраќајки, тоа е опасноста за којашто зборуваме, излезете на гласање, со СДСМ сте на сигурно, по правиот пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и носител во ИЕ 2

 

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Денеска слушаме како се договарале да се преврти трактор меѓу Дебарца и Охрид, како се договарала сообраќајка кај Кичево – актуелни носители на листи на ВМРО-ДПМНЕ се тоа!

Кошмарот од којшто излеговме пред три години демне шанса да се врати, ете нови потврди за опасноста за којашто зборуваме.

Христијан Мицкоски ги постави на листи Александар Николовски, Антонио Милошоски, Владо Мисајловски – кој од кој поистурена рака на криминалецот Груевски.

Се движиме по прав сигурен пат и со оваа изјава апелирам, да излеземе на гласање, да ја отфрлиме опасноста и да избереме сигурност.

Да, ова се едни од најспецифичните избори пред коишто сме исправени, поради условите во коишто функционираме. Со задршка одиме во продавница, со задршка одиме во банка, во пошта, дури и на работа. Но одиме. Затоа што е во прашање нашата егзистенција.

И излегувањето на изборите е една таква потреба. Затоа што се во прашање животот, здравјето, егзистенцијата – наши, на нашите деца, на фамилијата дома и иднината на државата.

За да продолжиме да живееме сигурно, во сигурна држава ние едноставно мора да излеземе на гласање и да гласаме за СДСМ и коалицијата Можеме.

СДСМ носи сигурност и ова не е предизборен слоган, туку факт.

Покажавме дека можеме да се справиме со здравствено-економската криза. Вработивме над 700 лекари и над 1.000 медицински сестри, обновивме 30 болници и ургентни центри -за само три години. Со тоа спречивме здравствен крах. Замислете да останеа руините во здравството од режимската власт. Луѓе ќе ни умираа по ходници. Тие и денес не ставаат потпис за пари од Светската банка што треба да се вложат во здравството. Светска банка гарантира – тие велат Не. А се дел од Владата. На овие ли луѓе од ВМРО-ДПМНЕ ќе го доверите здравјето?!

Даваме домашни платежни картички, бескаматни кредити, ги помогнавме бизнисите – спречивме и економски крах. Тоа беше можно затоа што работевме домаќински претходните две и пол години. Покачивме плати, пензии, социјалана помош, вративме милиони евра пари кај граѓаните, насочивме пари кон поддршка на бизнисите. И сето тоа – додека ја стабилизиравме државата на меѓуетнички план дома, со концептот Едно општество за сите и на меѓународен план во регионот и светот, со помирувањето со соседите, членството во НАТО и отворените перспективи во ЕУ.

Од ВМРО-ДПМНЕ на се сè противеа. За нив `се што не е тендер со провизии во лични џебови, не е добро.

И најважно, денес се живее во слобода – никој не планира семејства во ендек, не тегне за уши, не гаси лифтови на баби и дедовци, не удира боксови во фаца на жени, не прави монструозни планови за намерни сообраќајки, не става пломби на бизниси, не се заканува и не уценува млади луѓе со партиска книшка за вработувања. Денес има грижа за сите.

Многу сработивме. Може и повеќе и подобро. Но тоа е можно во осигурана држава, со затворени билатерални прашања, со осигиуран идентитет, со осигурано членство во НАТО и перспективи во ЕУ, со развојна економија. Почнавме и треба да продолжиме по правиот пат.

Гласот за СДСМ на овие избори е глас за безбедносна сигурност, за економска сигурност, за егзистенцијална сигурност, за политичка сигурност. Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за дестабилизација, хаос и опасност, по сите основи.

Сите протоколи за заштита на здравјето на гласачите се донесени и гласањето е безбедно, ве уверувам.

Знам дека ќе постапиме одговорно. Ќе излеземе на гласање. Ќе избереме број 3. Коалиција „Можеме“. За сигурност.

Последни вести