Соопштение за јавност
Коалиција предводена од СДСМ, “Можеме” има чесна понуда и професионални луѓе, подготвени да работат за граѓаните. ВМРО ДПМНЕ знае да владее само со ширење страв и неизвесност. Затоа гласајте, ќе продолжиме напред само ако вие така одлучите, рече носителката на изборна листа во ИЕ2 Сања Лукаревска во Ѓорче Петров, каде што денеска заедно со кандидатката за пратеничка Санела Шкријељ, остварија средби со граѓаните.
-СДСМ покажа дека знае да постигнува успеси и надвор, но и внатре, дома, во сите сфери од општеството. Во изминатите три години покажавме дека парите ги враќаме кај граѓаните, покажавме дека се грижиме за секој еден граѓанин и создадовме едно општество за сите. Влеговме во НАТО, отпочнуваме преговори со ЕУ. Градиме развојна економија, создаваме услови за успех на секој млад човек.
-Месното население од Волково, за прв пат добива градинка која во моментов е во изградба. Градинката нуди сместувачки капацитет за 170 деца и е енергетски ефикасна. Ќе продолжиме со грижата за најмладите, се грижиме за чиста околина, за чист воздух. Имаме јасна цел – младите да останат дома, а не како во режимот на ВМРО ДПМНЕ, својата иднина да ја бараат надвор. Излезете и гласајте, ова се важни избори. Избори на кои одлучувате кому ќе му ја доверите грижата за нашето здравје, за нашиот стандард, за европскиот пат на нашата држава.