fbpx

Шахпаска: На 15 јули излези и гласај за коалицијата „МОЖЕМЕ“, ти одлучуваш, дали ќе ги продолжиме успешните политики кои носат сигурност или ќе оставиме шанса за обнова на режимот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Јагода Шахпаска носителка во ИЕ 3

Почитувани,

Денеска од моето убаво Берово, ве повикувам на 15 јули да излезете, да го искористите вашето со Устав загарантирано право и да гласате!

Големи и историски одлуки се носеа изминатите три години. Направивме храбри и одлучни чекори! Решивме децениски прашања! Работевме посветено и на надворешните релации и политики, но работевме посветено и на домашната економија и политики!

И секогаш исклучиво во интерес на граѓаните и државата!

Затоа денеска горди на сработеното, имаме образ да ја побараме уште еднаш вашата доверба!

Да ги продолжиме успешните политики дома , но и да го продолжиме патот по кој тргнавме. НАТО е завршена работа, на ред е отворањето на поглавјата во преговорите со Европската унија!

Почитувани,

Во спротивно, седењето дома и неизлегувањето на гласање, значи и не учествување во носењето на големи и важни одлуки.

Седењето дома и не излегувањето на гласање значи и оставање можност за обнова на режимот и враќањето на Груевски на сцената.

Негласањето носи ризик да изгубиме се што постигнавме заедно. Затоа, да не си играме со сопствената иднина.

Денеска како последен ден од изборната кампањата ве повикувам :

На 15 јули излези и гласај. Заокружи го бројот 3! За уште повеќе успеси и уште подобра иднина на нас , нашите деца, нашата татковина!

Сите заедно МОЖЕМЕ и повеќе и подобро!

Последни вести