Соопштение за јавност
Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче имаа средба ова попладне со здратвствени работници во Куманово.
„Веќе ниеден лекар не сака да си оди од држаата, знаат луѓето дека се платени, дека се ценети и почитувани и тоа е најважната реформа во здравството на којашто сме горди и којашто ќе повлече многу други унапредувања и успеси во здравството.
Планираме да ги зголемиме платите на лекарите уште 40% во следниот четиригодишен мандат.
Мораме да продолжиме да инвестираме, посебно во здравството, полицијата, пожарникарските служби, во сите оние кои се први во реакцијата во ситуација на кризи и од чија спремност зависи доброто на граѓаните и на целото општество.
Тука во Куманово, вложивме во Ургентер центар од 900.000 евра, а планираме да ја гасифицираме болницата. Ние домаќински ги насочуваме парите на граѓаните, за да бидат поркиени нивните потреби, а не како режимот што повикува на поддршка да биде обновен, што го сруши до пепел здарвството и го интересираат само тендери за да крадат.
На докажаните херои во здравството ќе им ја доверите довербата на 15 јули за сигурно здравје или на неодговорни политичари истурена рака на Груевски, како Мискоски и соработниците кои блокираат проекти за пари од Светска банка за вложувања во здравството. ВМРО-ДПМНЕ е опасност. СДСМ е сигурност, да излеземе на гласање на 15 јули и да гласаме за број 3, повика Спасовски.
„Сите членови на здравствeниот систем херојски се справуваат со оваа криза. Тие се хероите на нашето време. Се покажа дека навремената интервенција даде резултати.
Ние секое ветување дадено кон здравствените работници го исполнивме.
Најмногу вложивме во човечкиот капацитет на здравствениот систем и само заради тоа успешно се справуваме со коронакризата.
Во три години, здравствените работници имаа три покачувања, платата на медицинските работници никогаш не била повеќе качена и никогаш поголема од сега. Продолжуваме да вложуваме во човечките потенцијали и да ги подобруваме условите за работа на лекарите и за третман на пациентите“ рече претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче во Куманово.