Соопштение за јавност
Во оваа кампања не моравме веќе да го користиме зборот ќе, туку веќе – веќе сме членка на НАТО, веќе преговараме со ЕУ, веќе ги покачивме платите, веќе ги покачивме пензиите веќе имаме слобода, веќе нема молк, веќе има праведност и затоа тоа веќе кога ќе излеземе пред вас нашето ќе тежи повеќе, зашто покажавме дека можеме повеќе, порача носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица пет, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на завршната граѓанска трибина во Битола.
За да ја заштитме повторно државата од ковид епидемијата знаме дека верувате во тоа ЌЕ, бидејќи има тежина, затоа што резултатите веќе можевте да ги видите, нагласи Шекеринска.
Со нас судиите избршителите на судски и партиски наредби ќе бидат минато, со нив само тие ќе останат, со нас парите ќе продолжат да се враќаат кај граѓаните, со нив тоа е веќе минато, тие повторно ќе ги насочат на сметките во Будимпешта и Белизе, со нас членството во ЕУ е реално и достижно за 6 години, со нив никогаш, истакна Шекеринска.
Е за овие работи гласаме на 15 јули, за работи кои ќе ја диктираат и ќе напишат истроијата за нашите деца, порача Шекеринска.