fbpx

Шахпаска од Берово: На 15 јули излезете на гласање, во име на нашата и иднината на нашите деца и нашата татковина, заокружете го бројот 3

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

-„Најголем предизвик е кога ви се обраќам вас мои сограѓани, затоа што вас ве претставувам во Параламентот. – истакна носителката на ИЕ 3 Јагода Шахпаска на присутните граѓани на трибината во Берово.

Во 2016 година ветивме план за живот, овде дома, во малешевијата и сите населени места во државата.Тоа и го направивме. Нашата програма се темелеше на три столба: враќање на парите кај граѓаните, вложување во човечкиот капитал и евроатлантската интеграција на земјава.-посочи Шахпаска.

Ветувањето парите назад кај граѓаните го реализиравме преку враќање на 11 милиони евра преку радиодифузната такса , враќање на ефтината тарифа на струјата која им заштеди на секое семсество по 300 денари месечно , а 3600 денари годишно. Како и враќањето на ДДВ-то со скенирање на сметки и кај 320 илјади граѓани вративме 10 милиони евра.-истакна Шахпаска.

-„Вложувањето во човечкиот капитал е вториот столб. Наследивме уништено здравство, понижени доктори, незадоволни пациенти. За само две и пол години специајлистите доктори земаат плата меѓу 80-160 илјади денари, за 40% повисоки плати, така е и со медицинските сестри кои сега земаат околу 36 илјади денари плата, воведовме повисоки капитациони бодови за 15% повисоки за матичните лекари и стоматолозите.

Денес, младите доктори добиваат достоинствени плати, лекар почетник зема 40 илјади денари плата и јавното здравство стана повторно атрактивно.“-истакна Шахпаска.

Таа зборуваше и за зголемената социјална помош за 300 %, која денес ј аземаат 27 илјади лица, воведувањето на дестски и образовен додаток во борбата против детската сиромаштија.

Се осврна и на лицата со посебни потреби, за кои следниот мандат додатоците ќе пораснат за 15%, а сите институции ке бидат достапни до 2024 год.

Шахпаска зборуваше и за грижата за највозрасните, преку реализација на пензиската реформа. Растот на пензиите двапати во годината со растот на трошоците за живот. Воведувањето на државната социјална пензија од 6000 денари. И понудата за следниот мандат – најниската пензија да биде 10700 денари.

И во време на криза покажавме како домаќински, чесно и одговорно се работи. Воведовме три сета економски мерки со кои ги враќаме парите кај граѓаните и им помагаме на компаниите.-посочи Шахпаска.

-Не градиме споменици, барокни фасади, галии, панорамски тркала, парите ги враќаме назад кај нашите граѓани, компании, нашата економија.-додаде Шахпаска.

Таа се осврна ии на третиотиот столб НАТО членството, кое е веќе реализирана стратешка цел на државата и последниот чекор кон европската интеграција со отворањето на поглавјата кое ќе се случи наскоро.

-Ве охрабрувам, на 15 јули излезете на гласање, не е поголем ризик од купувањето во продавница или лек во аптека, но е помал од одењето на пазар.

Во име на нашата и иднината на нашите деца, излезете и гласајте за коалицијата „МОЖЕМЕ“ предводена од СДСМ! Заокружете го бројот 3!

 

Последни вести