Преку проектот „Парите назад кај граѓаните“, Владата на СДСМ за 4 години успеа да врати 3 милијарди и 200 милиони евра назад во домашниот буџет на граѓаните. По сите основи, годишно се враќаат по околу 800 милиони евра, пари кои претходно се трошеа за споменици, музеи, барокни-стиропорни фасади, завршуваа во Белизе…
Со тие пари назад кај граѓаните, продолжува да јакне економијата, за што сведочат и растот на платите, како и намалувањето на невработеноста. Дури и по кризата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19, стапката на невработеност се намали од 24 проценти во 2017 на 16 проценти во 2021 година. Освен вкупната стапка на невработеност, значително намалување и кај невработеноста на младите, која од 57 проценти падна на околу 40 проценти.
Освен намалување на невработеноста во изминатите четири години платите постојано растат. Минималната плата од 9 илјади денари пред да дојде СДСМ на власт, сега изнесува над 15 илјади денари. Тоа го поттикна и растот на просечната плата, која пред четири години беше околу 22 илјади денари, за денес таа да е над 28 илјади денари.