fbpx

Почнаа конзерваторските работи на скопскиот Аквадукт

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почна првата фаза на конзервација и реставрација на скопскиот Аквадукт, откако неодамна Владата донесе одлука да го прогласи за културно наследство од особено значење. Според министерката за култура, Ирена Стефоска, заштитата е скапа работа, но не е ништо во однос на ова културно добро. Тој е е еден од последните на Балканот кој е сочуван во целина.

„Затоа, го нареков ремек дело на старите градители кој што им пркосело на вековите, на природните непогоди, на војните и на луѓето. Сега имаме шанса тоа да го исправиме, тоа и го правиме. Неодамна Владата донесе одлука за прогласување на Аквадуктот за културно наследство од особено значење под категорија исклучително значење поради тоа што овој величествен споменик поседува вредности не само од големо национлано значење, туку тој му припаѓа и на човештвото“, рече Стефоска.

Според директорот на Конзерваторскиот центар – Скопје, Коле Чапкановски, оваа година е многу значајна во делот на заштита на нашето наследство.

„Најпрвин се почнува со акитивности околу каналот, односно водите што некогаш овде биле во изобилие, ќе ги насочуваме кон другиот канал. Следна постапка е зајакнување на столбовите. Тука сме да го зачуваме ова дело, да има еден бенфит за самата наша држава во сите погледи“, рече директорот Чапкановски.

Последни вести