Капацитетите на новата биогасна електрана што се гради во Сарамзалино, општина Лозово ќе овозможат годишното производство на електрична енергија од обновливи извори да ја задоволат потрошувачката на 2.750 домаќинства во државата. Вкупната инвестиција во оваа електрана е шест милиони евра во првата фаза, што обезбедува 15 дополнителни нови работни места. Изградбата на електраната е започната во јули 2020 година.
„Уште два фактора се вклопуваат во нашите заложби: Приватната иницијатива да се прифати предизвикот и да се влезе во една ваква инвестиција, и дополнителната вредност на овој проект како ресурси за оваа електрана да се користат ресурси, односно биомаса од сопствено производство и преку развивање на соработка со локалните земјоделци, фармери и преработувачи на храна и земјоделски продукти“, нагласи премиерот Зоран Заев при увидот на градежните активности.
Тој по повод посетата на инвестицијата истакна дека биогасната електрана Сарамзалино постројката со инсталиран капацитет од 2.000 kW целосно се вклопува во заложбите на енергетските политики на Владата за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија од обновливи извори.