fbpx

АД ЕСМ го заменува јагленот со фотонапонски електрани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Работиме на ширење на нашето производно портфолио, пред се во делот на обновливите извори на енергија, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, најавувајќи дека компанијата долгорочно ќе изгради 1000 MW фотонапонски електрани како клучен дел од планот за енергетска трансформација, односно префрлање на производството на електрична енергија кон обновливи извори.

„Над 70 проценти од нашето производството моментално доаѓа од јаглен и тоа за нас е голем императив да спроведеме брза енергетска транзиција, но која мора да биде и праведна, односно вработените да останат во компанијата со работни задачи соодветни на промената во производството“, кажа Ковачевски.

Тој појасни дека фотонапонските електрани ќе се градат во еден дел како сопствени инвестиции на АД ЕСМ, а во еден дел како јавно-приватно партнерство, а покрај производните капацитети од ветер и сонце Ковачевски го нагласи и значењето на поседувањето што почисти производни капацитети за базна, балансна енергија, како што се планираната гасна електрана во РЕК Битола, проширување на гасната електрана Енергетика во Скопје, планот за пренамена на ТЕЦ Неготино во електрана на гас и изградбата на големата хидроелектрана Чебрен.

Последни вести