Во следните пет години ќе се трансформира енергетскиот сектор во Северна Македонија. Со интервентниот план за ивестиции, на средорочен рок во пет до седум години, во земјата ќе се инвестираат 3,8 милијарди евра во енергетскиот сектор, мешан капитал и приватни и јавни инвестиции. Со ова во следните пет години ќе го трансформираме енергетскиот сектор во Северна Македонија, кон зелени и обновливи извори на енергија.
Дополнително, со Националниот план за придонеси се предвидува намалување на емисијата на стакленички гасови за 82% до 2030 година во споредба со истите во 1990 година.
„За ова да го постигнеме, потребна е промена на свеста кај државните тела и кај граѓаните. Потребно е сите да ги согледаме придобивките и можностите кои се пред нас и засилено да продолжиме кон реализирање на зелената агенда на нашата држава“, – порача вицепремиерот Фатмир Битиќи.