fbpx

Мицкоски дезориентиран во кампањата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изборната кампања многу повеќе сака да се занимава со конкурентите, со раскажување анегдоти и несмасни шеги, со поистоветување на локалните со парламентарните избори…и уште многу други работи, но никако со локалната самопурава, со понуда, со програма, со идеја…

Речиси секојдневно пред јавноста како да признава дека владините проекти се вредни. Тој ветува евроинтеграција на државата, а во истиот говор зборува против Преспанскиот договор, како да знае дека без Договорот со Грција нема европска иднина. Ветува европски развој, а тој лично и партијата воопшто не се гордеат со членството во НАТО. На митинзите ветува отворени граници и регионална соработка, а неколку седмици претходно противеше на владиниот проект „Отворен Балкан“ кој вклучува процеси кои Мицкоски со доцнење ги ветува.

Обвинува дека СДСМ гради палати и троши народни пари, а заборава дека неговото седиште е во криминален Бел дворец, за кој има судски процес. Исто како што заборава дека голем број негови сопартијци се со обвинителни акти, некои се пред судска пресуда, други пак во затвор или притвор. На еден собир Мицкоски зборуваше како ќе формира нова влада и како во првите 100 дена ќе го реши криминалот и корупцијата, па потоа броеше ново парламентарно мнозинство, нешто кое го прави неколку години и никако да го направи.

Поголем е впечатокот дека Мицкоски ја користи кампањата за себепромоција отколку за промоција на кандидатите и на изборната програма.

Последни вести