Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ не престанува со обидите да го поткопува здравствениот систем на штета на здравјето на граѓаните.
Додека трае масовната имунизација против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно шири лажни вести, дезинформации и обиди да внесе вознемиреност меѓу граѓаните.
Додека во Собранието го кочи Законот за изградба на нов Клинички центар во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за здравствениот систем и здравствените работници.
За разлика од таквиот однос на деструктивното ВМРО-ДПМНЕ Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство во овие години вложуваат во нова операм и возила, во зголемување на платите на здравствените работници, на лекарите, специјалистите, на медицинските сестри, во изградба на нови ургентни центри и реконструкција на здравствени домови.
Лековите за граѓаните се достапни во текот на целиот месец, а позитивната листа не лекови редовно се проширува
На ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не им е важно јавното здравје, не им се важни условите за работа на здравствените работници. Тоа граѓаните го знаат и затоа шест пати ги казнуваат на избори и затоа ќе ги казнат повторно.