fbpx

Отворени се вратите за сите кои се за Европска Македонија, концепт кој го предводи СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски

Ковачевски: Доколку ги следевте моите јавни настапи во последниот квартал минатата година и особено на трибините кои ги организиравме како политичка партија, 79 трибини, тогаш ќе се сетите дека јас кажав дека во нашата држава постојат 2 концепти. Едниот концепт е концепт за Европска Македонија, концепт во којшто политичките партии кои го поддржуваат, тука се секако СДСМ, коалиционите партнери, ДУИ, Алтернатива гледаме и АА и др.политички партии. Тие го поддржуваат концептот за зачленување и пристапување на Северна Македонија во ЕУ исто така како што го поддржаа зачленувањето на Македонија во НАТО.

Од друга страна има концепт на политички партии, тука пред се мислам на Левица и на нивниот заложник ВМРО – ДПМНЕ кои се против членството во НАТО што го потврдија во свои јавни изјави и против членството во ЕУ што сметам дека е погрешен концепт, бидејќи не нудат алтернатива и уште полошо Левица нуди некаква алтернатива на евроазиска унија која што во ниеден случај не е во согласност со определбите на граѓаните на нашата држава.

Сите политички партии кои се за концептот за Европска Македонија односно сакаат да бидат дел од сојузот за Европа, тие врати се отворени и само тоа е патот напред за нашата држава за да обезбедиме економски просперитет, социјална сигурност и врвно владеење на демократијата, така како што го има во ЕУ, во сите земји на ЕУ и да ги исполниме очекувањата на граѓаните кои ги поставиле пред политичарите пред точно 31 година за независна македонска држава која ќе биде членка на НАТО и ЕУ.

Последни вести