Одговори на новинарски прашања, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ
П1: Вчера или завчера имаа протест лозарите и го блокираа патот Градско – Прилеп, и сега исто како и вас министерот рече дека тоа е партиски протест, дека политиката има вмешано прсти, ако не се лажам не кажа некое конкретно решение за проблемот коишто се излезени, и сега оние викаат дека имаат исти откупни цени и дека бараат 3 денари по килограм субвенција, стручњаци за шеќер, бараат закон со која ќе се гарантира најниската откупна цена. Што може Владата овде да направи, бидејќи вие ги кажавте изминатите проекти коишто се наменети за лозарите, но како понатаму, затоа што ова не е проблем коишто е само за сега да се реши, дали да останат истите цени или секоја година да се дава само по еден денар субвенција?
Протест на ВМРО-ДПМНЕ, не е протест на лозарите, затоа што таму беше целокупното раководство и на централно и на локално ниво на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа е точно, и таму не беа репрезентите коишто се партнер на министерството. Ние ги отворивме вратите во целиот овој претходен период за соработка, контакт и комуникација со сите субјекти и со сите здруженија коишто се претставници на сите категории на земјоделски производители и сите мерки и политики се креираат заедно со нив. На тој протест, ниту претседателот на Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, на тој партиски настан, не знаеше што е барањето на лозарите, ниту пак на тој протест беше испорачано некое барање на лозарите, заради тоа што се што било побарано, се што било потреба, се што било договорено е веќе реализирано и ова е прилика да повториме, дека наместо во претходните 11 години кога имавме целосно не редовна, селективна и по партиска линија по списоци исплата на субвенциите, денес во еден ден, на сите лозари беа исплатени субвенциите во јануари и февруари, тогаш кога се потребни, тогаш кога треба инвестиции пред самата реколта, не во јуни, август или септември и тоа со зголемени субвенции во сите развојни категории на лози. Се решија сите проблеми коишто ги тиштеа лозарите за што се носеше посебен лек специјалис, кои ги мачеше лозарите од Тиквешијата, тогаш кога откупувале грозје, а не го плаќале на лозарите, две години или веќе трета реколта нема ниту еден регистриран субјект во министерството којашто должи, благодарение на внимателната политика и законското работење. И дека ако некој должи на лозарите од претходната година неможе да откупува оваа година, така како што пишува во законот, благодарение на интервентните мерки имаме највисока откупна цена во последните 7 години, имаме раст на извозот за 5 милиони евра годишно, поголем девизен прилив токму од извозот на флаширано вино, ги исплативме штетите коишто ги тиштеа лозарите од претходно, се носеа интервентни мерки коишто се дизајнирани заедно со лозарите. Така и оваа година, така изјави и премиерот и министерот дека заеднички, партнерски е дизајнирана мерка -поддршка којашто ќе следи, така што на овој партиски протест ниту имаше барање, ниту се зборуваше за барање, да потсетам министерот беше таму да увиди што е проблемот и немаше кои да го каже барањето или проблемот за што станува збор, а притоа претседателот на Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ поддржува барање кое не го ни знае. Заврши времето на злоупотреби и манипулации со лозарите и затоа денес треба да знаеме кој е тој што вистински се грижи за земјоделците, преку политики кои се носеа и што е планот да работиме понатака.
П2: Како течат преговорите за законот за Обвинителството, беше најавена средба за денеска, па е откажана има ли простор за оптимизам дека ќе се најде решение?
Очекуваме средба на работните групи во текот на викендот.
П3: Меѓусебни се обвинувањата со ВМРО-ДПМНЕ во однос на тоа кој го кочи донесувањето на законот за Јавното обвинителство, опозицијата, пак, обвинува дека не ви одговара да се донесе законот и фактички со предметите на СЈО и со тој закон којшто сакате вие да го донесете, да фактички се пресметате со политичките противници. Како ќе се најде евентуален консензус или договор за законот, очигледно тешко оди?
Нервозата во ВМРО-ДПМНЕ не е повеќе за законот, туку повеќе за тоа што ќе нема назад за предметите. Предметите се преземени и согласно правниот поредок на секоја земја, ние цврсто стоиме дека правдата мора да биде задоволена за секој еден случај и за било кого во државата. Ниту еден случај, ниту една истрага од сите овие коишто беа во претходниот период сега се преземени од државното обвинителство не смеат да не бидат расчистени до крај.