Соопштение за јавност
Пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска, на крајот од денешната собраниска седница рече дека ВМРО –ДПМНЕ ниту еднаш, вклучително и од собраниската говорница, не се огради од криминалците од оваа партија кои беа носители на високи државни функции и кои дел од нив на дневно ниво одат по судови.
-Не се оградивте од бегалецот од Будимпешта која што ви ги поддржува вашите кампањи. Вие не собравте хаброст во име на демократија, правда и чесност и во име на граѓаните кои ви го дале мандатот да носите политики и да им го подобрите животот и стандардот, рече Шахпаска.
Скопје, 26.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА