Изјава за медиуми,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 05.05.2019
Честитам и благодарам почитувани граѓани!
ИМАМЕ УСПЕШНИ И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ! ДОБИВМЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА!
ОДЕКНА МНОЗИНСКАТА ГРАЃАНСКА ОПРЕДЕЛБА, НА ЧИСТИ, ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ:
ПРОДОЛЖУВАМЕ ЗАЕДНО И ОДГОВОРНО, НАПРЕД!
Патот е потврден и поплочен со успех.
Република Северна Македонија со сигурност продолжува Напред.
Граѓаните остануваат Заедно во остварувањето на стратешките цели.
ОВА Е, ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ, НАШАТА ЗАЕДНИЧКА ЗРЕЛОСТ, НА ДЕЛО!
ОВА Е ПОБЕДА НА КОНЦЕПТОТ ЗАЕДНО НАПРЕД. НО ПРЕД И НАД `СЕ, ОВА Е ПОБЕДА НА ГРАЃАНИТЕ И НА РЕПУБЛИКАТА.
Денес сите можеме да славиме. Заедно покажавме дека имаме земја која е европска и имаме горд и одговорен народ со јасни европски и демократски определби.
Водевме достоинствена и современа кампања.
ИМАМЕ БЕСПРЕКОРНО ЧИСТИ ИЗБОРИ ВО ДВАТА КРУГА.
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОКАЖА ВРВНИ ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТИ.
ПОКАЖАВМЕ УШТЕ ЕДНАШ ДЕКА СМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ЕВРОПА.
Од денеска ништо повеќе не е исто.
НИКОЈ ПОВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА ЗАСТАНЕ НА ПАТОТ НА ПРОГРЕСОТ И ПЕРСПЕКТИВИТЕ.
ГРАЃАНИТЕ ГО КАЖАА СВОЕТО. ЕВЕ ГО РЕЗУЛТАТОТ.
ОД ПРЕБОРЕНИ ОКОЛУ 96% ОД ГЛАСОВИТЕ, СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ИМА ОСВОЕНО НАД 423.000 ГЛАСОВИ, А СИЛЈАНОВСКА ОКОЛУ 360.000 ГЛАСОВИ, ШТО Е РАЗЛИКА ЗА ПОВЕЌЕ ОД 55.000 ГЛАСОВИ!
Вечерва имаме победа и во Охрид, новиот градоначалник е Константин Георгиевски, кој победи со повеќе од 3.800 гласови разлика.
Имаме градоначалник и во Ново Село, нашиот пријател, Никола Андонов.
Браво граѓани, од различни етнички заедници, од различни политички определби, определени и неопределени, браво на сите.
ИСХОДОТ ОД ДЕНЕШНИТЕ ИЗБОРИ Е ПОТВРДА ДЕКА РАСТЕМЕ УШТЕ ПОВЕЌЕ, ДЕКА ДОНЕСОВМЕ ОДГОВОРНА ОДЛУКА И ДЕКА ЗАСЛУЖУВАМЕ ДА ОДИМЕ НАПРЕД.
Нашето место е во НАТО. Нашето место е во Европската унија.
ТОЧКА – КРАЈ ЗА РЕЖИМОТ И МРАЧНОТО МИНАТО. НЕМА ВЕЌЕ РЕЖИМ, НИКОГАШ!
Мицкоски е поразен. Поразени се деструктивните политики на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Поразени се политиките на поделби, на немање став, на конфликт, неизвесност и сеење стравови.
Како власт, централна и локална, во соработка со новиот претседател, остануваме посветени на нашите приоритети:
1) Нашата земја станува полноправна членка на НАТО и наскоро почнуваме преговори со ЕУ
2) Продолжуваме да ги насочуваме парите кај граѓаните по сите основи
3) Ги отстрануваме слабостите во владеењето коишто предизвикаа реакции кај јавноста – сите функционери мора да му служат на народот, од прв до последен.
4) Ставаме конечен крај на поделбите, заедно градиме обединувања внатре и сојузништва надвор
Република Северна Македонија покажа како се надминуваат политички бариери. Ќе покажеме и како се достигнуваат економски рекорди, за доброто на секој човек во оваа земја. Напредокот на Северна Македонија, ќе биде мотор и за напредок и на регионот и на Европа. Ќе се учи за оваа успешна политичка пракса и за оваа граѓанска зрелост.
На Европа и даваме уште една вредност.
ЕВЕ ГО РЕЗУЛТАТОТ НА ОБЕДИНУВАЊЕТО И ЗАЕДНИШТВОТО.
ИЗБРАВМЕ, НА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ, ВО ЕВРОПСКИ ДУХ, ВО ЗАЕДНИШТВО, ЕВРОПСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА.
Стево Пендаровски – достоинствен преставник на граѓаните Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, други, ни се придружува на патот на прогресот, просперитетот и перспективите, заедно одиме Напред со Стево Пендаровски.
Честитам претседателе на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски!
Да ми ги чуваш и да ни ги штитиш граѓаните.
Биди посветен на она што го најдовме во тебе како вредност.
Биди секогаш праведен и правичен, секогаш објективен, секогаш критичен, со слух за потребите и интересите на граѓаните.
Еве ги резултатите кога се слуша граѓанскиот глас. Ти си тој резултат.
Оваа генерација политичари, овие генерации граѓани на денешнината, одговорија на аманетот на претците и на должноста на своето време.
Со пенкало и глас, за доброто на сите, донесовме исправна одлука и продолжуваме,
Заедно Напред!
Почитувани граѓани,
Пендаровски е наш, ваш, мој, твој, претседател на сите нас! Има зацртан пат пред себе. Тоа е нашиот заеднички пат – на заедништвото, на соработката и солидарноста, пат за подобар живот на секој наш граѓанин, во ова наше Едно заедничко општество.
Изразувам благодарност и честитки до сите институции за професионалноста и одговорноста.
Благодарност до сите граѓани најмногу, благодарам до сите етнички заедници, благодарам и до сите партии и сите политички субјекти, кои учествуваа на овие избори. Благодарам и до поголемиот дел на гласачите коишто гласаа за господинот Блерим Река и партиите Алијанса на Албанците и БЕСА кои ги оставија слободно своите поддржувачи и гласаа за НАТО и ЕУ, гласаа за Пендаровски, тоа е демократска зрелост и одговорност кон државата.
И САКАМ НА КРАЈОТ ДА КАЖАМ УШТЕ НЕШТО.
ОД ОВИЕ ИЗБОРИ, СИТЕ, АМА БУКВАЛНО СИТЕ ТРЕБА ДА ИЗВЛЕЧАТ ПОУКИ.
НАШАТА ПОУКА Е, ПРИЗЕМЈУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ ПОЕДИНЦИ И МАКСИМАЛНО ФРОНТАЛНО АНГАЖИРАЊЕ НА СИТЕ ПОЛИЊА ОД НАШЕТО ОПШТЕСТВЕНО ЖИВЕЕЊЕ.
ПОУКАТА ЗА ВМРО ДПМНЕ – КРАЈНО ВРЕМЕ Е КОНЕЧНО ДА СЕ МОДЕРНИЗИРА И РЕФОРМИРА, ДА ГИ НАПУШТИ ЗАСТАРЕНИТЕ МЕТОДИ НА ДЕЛУВАЊЕ И ДА СФАТИ ДЕКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЈА СОЧИНУВААТ СИТЕ НЕЈЗИНИ ГРАЃАНИ.
ПА СЕПАК, ОНА ШТО ТРЕБА ДА ОСТАНЕ Е НАШАТА ПОДАДЕНА РАКА, РАКАТА НА ПОМИРУВАЊЕ. БЕЗ ТОА, ПРОБЛЕМИ ЌЕ ИМА, А ЗОШТО НИ СЕ ПРОБЛЕМИ.
АЈДЕ СИТЕ ДА ОДИМЕ ЗАЕДНО НАПРЕД!
Конечно,
Честитки и благодарност до сите граѓани на нашата земја, добивме претседател, имаме чист пат да продолжиме напред со Стево Пендаровски.
Нека ни е честито и со среќа