Изјава за медиуми,
Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Скопје, 05.05.2019
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Првичните тенденции се задржаа, покажуваат сигурно, стабилно водство на заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски.
На обработени над половината од пристигнатите резултати Пендаровски води пред Сиљановска со над 30 илјади гласови!
Очекуваме тенденцијата да продолжи, Пендаровски да биде прогласен за Претседател.
Граѓаните го препознаа концептот што води напред кон единство, кон напредок и интеграција во ЕУ и НАТО.
На фер, слободни и демократски избори, граѓаните денеска избраа вистински претседател што води напред.
Граѓаните, денеска кажаа конечно НЕ на враќањето назад во темното минато на криминал, изолација и поделби.