Изјава за медиуми,
Стево Пендаровски, кандидат за претседател на СДСМ и коалицијата
Скопје, 05.05.2019
Почитувани,
Денешниот изборен ден, во вториот изборен круг, почна мирно.
Јас искрено се надевам и верувам дека така и ќе заврши.
На тој начин ние ќе покажеме дека како држава сме подготвени да организираме фер, демократски, транспарентни избори, како што и приличи на земја која наскоро очекува да ги почне преговорите за членство во Европската Унија.
Што се однесува до изборниот резултат, очекувам уште поубедлива победа во вториот круг, затоа што оние категории на луѓе кои останаа дома во првиот круг или оние луѓе кои гласаа за противкандидатот Река, кој ја заврши својата трка во првиот изборен круг, еден дел од нив очекувам дека ќе излезат на биралиштата и ќе гласаат.
Мојата надеж е дека најголемиот дел од нив ќе го препознаат концептот за кој се залагам изминатиот месец, месец и половина во рамки на изборната кампања и дека ќе сакаат да го поддржат концептот кој значи одење напред за сите граѓани кои живеат во Северна Република Македонија, за сите етнички заедници, сосема независно од нивната верска, национална или партиска припадност.