Изјава за медиуми
Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател
Скопје, 19.04.2019
Почитувани граѓани,
Во недела, вие со вашиот глас одлучувате за сопствената иднина, за сигурна иднината на нашите деца и за стабилна иднината на нашата држава.
Овие избори се многу важни. На овие избори имате шанса да ја запечатите промената и да потврдите дека сте цврсто определени да продолжите напред.
На овие избори има шанса да порачате дека сакате да ги затвориме сите отворени прашања кои не влечеа надолу и држеа во изолација, дека сакате нашата земја да се интегрира во НАТО и Европската унија и дека избирате сигурен економски напредок и безбедна држава.
Почитувани граѓани,
Во недела сте исправени пред јасен и недвосмислен избор.
Од една страна можете да гласате Силјановска и со тоа да гласате всушност за Груевски и Мицкоски. Со тој глас вие гласате за враќање назад, за нови поделби, блокади и изолација.
Или пак да гласате за мене и да ги поддржите политиките на единство, мир, стабилност и сигурен економски напредок.
Овој избор е многу важен. Јас сум убеден дека сите вие одговорно ќе гласате.
Јас длабоко верувам во вас и знам дека ќе направите правилен избор.