fbpx

Заев, Османи и Пендаровски: Да излеземе масовно на гласање, да ја покажеме нашата европска сила

Facebook
Twitter
LinkedIn

Голем обединувачки митинг се одржа во Скопје од којшто се испратени пораки на 21.април и на 05.мај, граѓаните, независно од политичката и од етничката припадност, во име на продолжувањето на евро-интеграциските процеси и концептот Едно општество за сите, да го поддржат заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски.

-Што сте по националност, што сте по верска припадност, каква е вашата социјална состојба, дали сте приврзаници на власта или на опозицијата – ќе ми биде важно, само ако некој посегне да ви ги одзема правата што ги имате како рамноправни граѓани на оваа држава. Вашата правда е и моја правда. Вашата неправда e и моја грижа.

Ќе водам политики на заедништво, а не на политики на поделби. Ќе помирувам, нема да разгорувам конфликти.

Како претседател на државата подготвен сум да водам напред, порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Тој се обврза дека ќе продолжи да стои зад концептот Едно општесство за сите, евро-атлантските интеграции и економскиот развој на државата.

Претставникот од ДУИ, Бујар Османи, рече дека митингот пред седиштето на ЕУ во Скопје е со цел да се почувствуваат европските вредности на заедништво на различностите, со коишто нашата земја е веќе во Европа.

-Ја покажуваме нашата европска сила со нашиот пријател Стево Пендаровски, првиот заеднички консензуален кандидат за претседател на државата. Тој е симбол на внатрешната интеграција, лепило на заедниците, предвесник на нашата европска иднина и затоа Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател на државата, рече претставникот од ДУИ и вицепремиер, Османи.

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, митингот во Скопје го оцени како историја. Тој рече дека одлучно одиме кон прогрес, Едно општество за сите, евро-атлантски интеграции, економски развој и дека е тоа ќе се забрза со Стево Пендаровски кој води Напред.

-Време е ветрот на позитивните промени да го засилиме. Со Стево Пендаровски напредокот на нашата држава значително ќе се забрза. Нашата земја ќе добие претседател кој влече Напред, наместо кочничар, порача претседателот на СДСМ и премиер Заев.

Тој им се обрати на граѓаните Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи, сите други, дека “евро-атлантските перспективи, за сите нас значат леб, значат егзистенција, значат поголеми плати, повеќе работни места, нови инвестиции, можности за младите да учат, живеат и работат дома – значат спокој и сигурност”.

-Јас немам дилема, дека секој од вас го знае ова. Но, да се оди напред почитувани граѓани е одговорност, бара акција, бара одлучност. Ете ги аргументите, на маса се. Споредете и излезете на гласање. Знаете дека за претседателските избори цензусот е висок и дека не е доволно да го поддржуваме Стево Пендаровски, или да сме против Гордана Силјановска.

Тоа треба да го кажеме, со пенкало, на гласачките места. Мора да излеземе на гласање и да го кажеме својот став. Граѓаните да го изберат претседателот на државата, повика претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на митингот во Скопје.

 

 

Последни вести