fbpx

Кирацовски на Првиот молитвен појадок: Ја продолжуваме идејата на претседателот Трајковски за градење мостови на пријателство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски денеска присуствуваше на Првиот молитвен појадок, што под покровителство на Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ се одржа по повод одбележување на 15 годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски.

Во своето обраќање пред присутните, генералниот секратар Кирацовски истакна дека идејата на претседателот Трајковски за регионален молитвен појадок не е заборавена, туку дека таа денес се реализира во сеќавање на ликот и делото на Трајковски кој постојано градеше мостови на соработка.

– Претседателот Трајковски останува запаметен по мудроста и зрелоста во носењето политики што беа во интерес на сите граѓани. Тој посветено градеше мостови на пријателство застапувајќи ја идејата дека Република Северна Македонија припаѓа во евро-атланското семејство. Исправени пред нови предизвици, ги споменуваме неговите заложби и се стремиме кон носење одлуки во интерес на сите граѓани, коишто ќе ни овозможат безбедна иднина и сигурна и просперитетна држава, посочи Кирацовски.

Кирацовски ја поздрави идејата за организацијата на регионален молитвен појадок кој на едно место донесе сегашни и поранешни државници од регионот, стопанственици и интелектуалци, пријатели кои ги почитуваат и негуваат делата што претседателот Трајковски ги остави зад себе.

– Овој прв молитвен појадок во Република Северна Македонија нека биде почеток на еден процес кој го трасира патото што води кон изградба на силно и просперитетно општество, заклучи Кирацовски.

 

 

 

Последни вести