fbpx

Заев: Реформите се важни, опозицијата треба да се вклучи во процесите во интерес на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 21.02.2019

Медиуми: ВМРО ДПМНЕ најави замрзнување на своето учество во носењето на системските закони, дали тоа значи дека реформите ќе бидат доведени во прашање?

Добив информација за некоја одлука која е донесена од страна на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, ќе ги видам причините за целата работа. Веројатно, тоа е, како што го слушнав, е заради случувањата коишто ги води правосудството во Република Северна Македонија. Јас ќе дадам свои коментари , но она што сакам однапред да го соопштам е дека важните работи во државата треба да се случуваат заедно. Премногу важни работи во Република Северна Македонија се случија без опозицијата. Не треба да дозволи опозицијата и понатаму важните опозициски прашања за нашата земја да се случуваат без најголемата опозициска партија. Без разлика дали се тоа реформите во Собранието, процесите или некои други процеси.

 

 

 

Последни вести