Одговори на новинарски прашања,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 19.02.2019
П1: Какво е расположението, партиска или натпартиска личност?
Имаме политички партии коишто на личностите кои се номинирани во јавноста гледаат како на добри или помалку добри кандидати за Претседател. Гледам дека не постои некое големо разграничување на партиски и натпартиски, повеќе се изјаснуваат за самите личности, но тоа се само мислења на лидери на партиите. Сите тие, вклучително и ние ќе се вратиме во органите и телата на политичките партии, кадешто со длабински анализи, веројатно со одговорноста за тоа какви пораки ни испраќаат граѓаните преку анкетите коишто ги имаме направено ќе значи и процесот на оформување на мислењето за сите со коишто разговаравме. Со оние 22 – 23 коалициони партнери со коишто разговаравме во неделата, со ДУИ со Алијанса за Албанците, со Алтернатива на Африм Гаши и со другите, со Демократска Партија на Албанците, сите гледаат на кандидатот навистина да биде поддржан од огромно мнозинство на граѓани, да има еднакви поддршки од сите етнички заедници и по социјална и старосна структура генерално да има поддршка и од младите и од повозрасните и од средните категории на возраст. Важни им се сите тие аспекти, заради тоа што веројатно си имаат свои стандардни поддржувачи, си имаат свое членство за коешто е важно да изнајдат и мотивација за самата поддршка на претседателските избори, Рано е да кажеме за имиња, мене ми е драго што дел од кандидатите се секако и од СДСМ, си имаат одговорност за ваквиот концепт, но и за градење на единството. Се надевам дека процесот на пристап преку заеднички кандидат ќе даде добар плод, којшто ќе биде од интерес на сите граѓани и на Република Северна Македонија.
П2: Рејтинг листите на вашите четворица кандидати веќе се готови неофицијално, кој има најдобар рејтинг?
Јас не би можел се уште да коментирам јавно истражување што го имаме добиено. Имаме сериозни фаворити, реков, од анкетираните, поголемиот дел се фаворити за победа на изборите, но тоа е само преку истражувањето, многу е значајно кој стои позади него, многу е значајно каква кампања ќе има, многу е значајно граѓаните како се изјаснуваат во конечноста на донесувањето на одлуките и многу е важно личниот настап на веќе селектиран кандидат, како тоа ќе биде сфатено од јавноста. Јас верувам дека вреди за внимание и за сериозност, но и за одговорност, секој чекор во една ваква постапка и затоа нема да коментирам но ми е драго што навистина имаме широка лепеза на добри луѓе кои што би биле одлични претседатели или претседателки на Република Северна Македонија.
П3: Дали вие би прифатиле кандидат којшто нема да биде од вашата партија?
-Да, дел од разговорите ги разгледувавме темите дека дали треба да размислуваме само за личности коишто се во анкетите. На пример, не зборувам за 4-те, за 6-те, за 10-те кандидати или слично, зборувам за кандидатите за којшто имаме правено истражување, во такви околности ние рековме секое име кое што би имало свои амбиции, прво треба кандидатот да сака да биде претседател, да има свои амбиции а притоа да биде прифатлив, и секако дека секое име е за разгледување. Така што е многу рано да истрчуваме со одредени имиња кои е прво рангиран или кои е второ рангиран, па како е тоа низ кростабулациите низ етничкте заедници прифатлив, или помеѓу другите социјални структури или можеби партиски структури, но важно е што има амбиент за оваа работа. За мене тоа е сериозен исчекор, сега втората работа што е многу значајна, ајде да видиме која е таа личност, постои ли таква личност или личности коишто би не обединиле, сериозен процес е може да биде и неуспешен, но јас верувам дека ако направиме напори дека заради државата и граѓаните може да имаме успешен процес.
П4: Јавниот повик ви завршува како ќе го реализирате сето тоа?
Знаете дека ние во СДСМ прв пат идната седница ќе се собереме и затоа овој период додека траат јавниот повик, самокандидирањата, кандидирањето од нашите општински организации е процес којшто паралелно тече. СДСМ во својот процес на одлучување како партија се води токму од ваквите сугестии, ние полагаме надеж на нашето членство, нашите поддржувачи којшто исто така имаат свое право да номинираат свои кандидати, за да можеме после од нив да побараме поддршка, навистина преку тропање од врата на врата, преку разговори со граѓаните да дадат поддршка. Целиот овој процес паралелено се одвива и ќе се поклопат термините за донесување на соодветно и навремено на самите одлуки.