fbpx

Македонија ќе добие силна Антикорупциска комисија која нема да дозволи да се повторат криминалите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата
Скопје, 16.01.2019

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Македонија ќе добие силна и независна инстритуција за борба против корупцијата по европски стандарди.

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата остана доследна во одбраната на европските стандарди за воспоставување ефикасни механизми за спречување и борба против корупцијата.

Од 40 амандмани кои беа доставени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најдовме согласност за 20 амандмани коишто се во функција на зајакнување на текстот на одредени одредби и истите заеднички ги поднесовме.

СДСМ од почетокот остана доследна за зајакнување и проширена надлежност на Државната комисија за спречување на корупција, и од оваа заложба не отстапивме.

Прашањата за директен увид во сметките на носителите на јавни функции, е затворено.

ДКСК ќе има право до директен пристап до банкарските сметки, но и во над 60 други бази на податоци.

Не се дозволи воспоставување на паралелен систем, односно орган коишто беше предлог од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, преку барањето за формирање на национален совет.

Почитувани граѓани,

Македонија создава институција која никогаш повеќе нема да дозволи да се повторат криминалите од минатата власт.

 

 

Последни вести