Соопштение за јавност
Почитувани граѓани,
Во недела одлучуваме за нашата и иднината на идните генерации.
Имаме историска шанса да ги реализираме децениските стратешки интереси – влез во ЕУ и НАТО.
Со влезот во НАТО и започнувањето преговори со ЕУ, Македонија станува дел од најголемите светски сојузи и рамноправна со најмоќните држави во светот.
Тоа значи обезбедена и сигурна иднина, но и повеќе инвестиции, нови работни места и повисок животен стандард за сите граѓани.
Сите знаеме:овој договор е гаранција за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.
Но, овој договор, истовремено го потврдува нашиот македонски идентитет. Ние сме Македонци и секогаш ќе бидеме Македонци. Нашиот македонски идентитет и јазик, нашите граници, знаме и химна – сите тие ќе бидат засекогаш признаени и заштитени од целиот свет.
Со прифаќањето на договорот го расчистуваме патот до ЕУ и НАТО и го зајакнуваме македонскиот идентитет.
Затоа е потребно во недела масовно да излеземе и да гласаме ЗА европска Македонија.
Не можеме и не смееме да чекаме уште 27 години. Време е за одлука. Време е да изградиме држава по европски правила.