fbpx

Заев: Предметот „Поткуп“ е смислен за да се спречи објавувањето на Вистината за Македонија тоа се докажува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања,
Зоран Заев, претседател на СДСМ,
Скопје, 09.05.2018

Медиуми: Коментар за снимката?

Ова беше последниот дел од доказната постапка објавената на ЈуТјуб снимка, денеска беше презентирана во судот, кадешто недвојбено и од страна на судот е констатирано како на три пати самата снимка се прекинува. Токму тоа се деловите којшто ги видовме преку презентацијата на целата снимка како се разговара и објаснува дека сево ова ќе оди за цемент, за тули, за железо, за струја, за работна сила или слично. Јасна е намерата на оној што тоа го објавил во јавноста да направи комплетна дискредитација и валкање на лицето на Зоран Заев. Навистина, само преку судска постапка ваквите постапки може да се отворат и целосно да се разјаснат. Мене ми е драго што буквално целиот процес преку доказната постапка беше разобличен како во делот на испрашувањето на сведокот, така и во делот на моето испрашување како обвинето лице, но и сите други презентации на доказите дека целата листа на докази, преку докази од наша страна којшто беа доставени, а јас верувам дека ќе успееме и преку завршните зборови на адвокатите на 15-ти кога е закажано последното рочиште, да го завршиме овој предмет. Конечно да се докаже правда во Република Македонија, поврзана со мене, надевајќи се дека сите граѓани ќе дочекаат правда таму каде што секако се правични.

Медиуми:Груевски вчера рече дека сте договориле ослободителна пресуда за предметот Поткуп?

Постапките и процесите се транспарентни, мене ме радува што и вие медиумите, но и сите граѓани може да ги следат процесите со сите детали, секако на крајот секој може да го даде својот коментар. Јас ве повикувам и вие новинарите давајќи ги своите коментари да ги оценувате ваквите постапки, не заради Заев или заради Груевски, заради тоа што сите мораме да им објасниме на граѓаните дали има независно судство, како се носат пресудите, дали преку транспарентна постапка на гледање на доказите и исклучиво согласно доказите би биле донесени сите пресуди во Република Македонија. Тоа е многу важно, апсолутно јас знам дека уште од првиот момент огромен број од граѓаните знаат дека ова е местенка, голем дел од граѓаните знаат дека ова е само за да се спречи проектот Вистината за Македонија и политичките бомби, а денеска после ова онлајн поврзување на доказните постапки и целиот овој процес, коментарите коишто доаѓаат преку медиумите, повеќе од јасно е дека се работи за монструозно смислена цел за некој да се спаси, за да остане подолго на власт.

Медиуми: Ние не бевме кога се пушташе целата снимка, можете ли да ни објасните термонот „брат ми“ во кој контекст е?

Господинот Иван Николов е клиент на менувачница Пеон, кадешто работи брат ми, и тука се разговара, ако се во евра парите што ќе прави, ќе ги смениш во менувачница и ќе ги однесеш ќе купиш, цемент, бетон, железо, тоа е твое право. Таму се зборува, колку милуваш ти пред господ, тоа е помеѓу тебе и господ, значи тие делови се скратени овде и буквално кога ќе го скратите така, ете како изгледа во јавноста. Но, сега и на судот и на јавниот обвинител му е јасно што всушност било целта да се постигне преку сечењето на оваа видео снимка и на тој начин презентирање во јавност.

Медиуми: Господине Заев денес се навршуваат три години од немилите настани во Диво Насеље, кривичниот суд донесе пресуда за 37 обвинети, до каде е меѓународната експертиза?

Владата е подготвена да има меѓународна експертиза за овој случај, утврдивме согласно позитивните прописи во Македонија дека таа не може да биде уфрлена во сред судски процес. Процесот мора да заврши до фаза на правосилност на пресуда, за да може подоцна меѓународни експерти како коментатори, како луѓе којшто ќе бидат во самиот процес, да се вклучат. Јас верувам дека Министерство за Правда може да ги каже деталите во зависност од тоа кога завршила одредена фаза во постапката кадешто преку меѓународна експертиза ќе може да се искоментираат или да се дадат одредени ставови поврзани со случајот.

Медиуми: Дали се води интерна постапка во МВР за овој случај?

Не, нема. Знам дека предметите се предадени во правосудството и сето тоа што се работи, е кај обвинител, судија, бранители на луѓето.

Медиуми: Господинедине, Заев се подигна многу прашина околу вашите советници, последно е дека и Горан Стаменковски, раководителот на секторот за човекови ресурси во судот, е ваш советник. Прво, дали доаѓа тој на вашите рочишта дека е постојано во судот, и второ дали доколку би биле лидер на опозиција и вака премиер зима високо позиционирани луѓе на судот за советници, би реагирале ли, би нашле ли судир на интереси, можеби?

Господинот Стаменковски по она образование што го има во делот на социјалната политика има намера да излезе од судот, затоа е и ангажиран за советник. Јас верувам дека некогаш ќе работи на својата професија, тој не е одлучувачко лице тука, се работи за административно лице, коешто го запознав од Шарена револуција, од одењето по улиците. Го познавам од тогаш и со делот на својата амбиција, да се вгради во ова наше општество и да помогне во социјалните аспекти во државата. Направив ангажман како надворешен соработник, секако тој ќе ги чека конкурсите во државата, потребите да се ослободат одредени места, заради тоа што, тој е едно лице, како и многу други граѓани, верувам дека поминувал низ непријатни моменти како и порано, па можеби дури и од сега од поранешниот претседател на судот. Неговиот пекол во животот почна кога се појавија сликите од Шарената револуција кадешто и тој како граѓанин и јас како политичар, шетаме овде по улиците и протестиравме и од тогаш стигнаа според негово кажување сите овие измачувања. Јас му верувам и станавме пријатели во целиот овој период, заради тоа е и ангажиран за мој советник. Ја гледам неговата потреба да се вгради, сака да помогне, а јас сум таков човек којшто секогаш сака да даде шанса таму каде што можам да дадам шанса. Ако беше судија, ако беше обвинител, ако беше одлучувачко лице, поротник или дел од тие што одлучуваат, апсолутно со право, на мене и на било кој ќе му биде сомнително. Но, јас се знам со дел и од луѓето од судската полиција, ги знам некаде од приватниот живот, некаде од јавност, тоа не значи дека некој може да биде сомнителен или не, не се работи за тоа, не се работи за одлучувачко лице, се работи за административно лице, вработено само во судот и никако не може да влијае и да делува во процесите на одлучување за мене или за кој било.

Медиуми: За Шаќири, дел од информациите се дека тој би можел да добива и безбедносни информации, класифицирани во неговата работа?

Нема, советниците не добиваат сертификати за класифицирани информации или безбедносни информации, секако дека не. Генерално се работи за лице како што реков, во коешто верувам дека треба да се даде инклузивен момент, да му се даде шанса на секој во оваа наша Македонија. Јас верувам во едно општество за сите. Ова лице има информации, во минатото се покажало дека ја знае состојбата на целиот терен со северната граница на Македонија, со северниот појас на Македонија и јас верувам дека може да помогне. За сите советници да напоменам дека се работи за ангажман од една година. Тие ангажмани ќе покажат дали некој ќе даде резултати или не. Секако доколку не даде резултат, јас останувам да дадам помош или било што и на други места да работат. Советничката функција на секое од овие лица е согласно одредена цел. Премиер сум, одговарам пред граѓаните и навистина согласно закон го имам правото, како да можам да го импементирам концептот едно општество за сите. Верувам дека преку еден ваков процес, како прв во извршната власт можам и тоа како да придонесам, во спуштањето на прашината, на тензијата во ова наше општество. И навистина, видов неколку коментари коишто излегоа веројатно и ПР службите дадоа таков одговор, Бошковски и Шаќири беа од различна страна на нишаните, сега работат за својата Република Македонија. Ако вака гледаме на работите, сите можеме да бидеме малку порастоварени и да знаеме дека шанса заслужува секој во Македонија. Некој ќе каже, добро, има многу луѓе што чекаат шанса, јас верувам дека секој ќе ја дочека својата шанса. Само при вакви околности луѓето ќе продолжат да бидат мотивирани да останат овде, да работат, да гледаат семејства овде, да чекаат внуци овде, тоа е конечната цел, да направиме пријатно општество во коешто ќе биде вредно да се живее.

Медиуми: Премиере две прашања ако ми дозволите. Поминаа две години безмалце од трагедијата во Стајковци, автопатот, обиколницата беше еднаш реновирана, ама со последното невреме, повторно е оштетена нели на товар на државата, дали ќе побарате од Министерот за транспорт и врски да се преиспита тоа нејзино реобновување бидејќи делумно повторно таа не е во можност да се користи, нели сепак се потрошени народни пари? Второто прашање ми е, од страна на Владата, преговорите со Грција беа помпезно најавувани, соопштувани, сега во еден период како да поминаа во андерграунд. Дали е тоа веќе тајна дипломатија започната или Македонија ги повлече црвените линии?

Прво околу Стајковци, а тоа важи и за многу други региони во Македонија, за пелагонискиот, тетовскиот регион, струмичко – штипскиот регион кадешто се случувале постапки, веќе се завршени голем дел од документациите и физибилити студии, се работи на идејни проектни главни решенија за трајно отстранување на овие причини коишто се случуваат како последица на ерозијата којашто доаѓа, како последица на големите водени површини ,најмногу поради бесправно сечење на дрвата по планините. Се случува при поројни дождови да се нанесуваат големи штети. Се работи за проектни документации од неколку аспекти, едниот е изградба на ободни канали коишто би ги акумулирале сите овие води и би ги насочувале кон изливните подрачја, за да се спасат и јавните добра како автопатишта, но секако и приватните добра како куќите, приватниот имот и слично. Се работи на таа документација, јас верувам дека на крајот ќе успееме да ги отстраниме ваквите тесни грла во Македонија. Но, истовремено, паралелно мора да се работи и на пошумување на шумите, знаете сите оние стебла коишто некогаш таму постоеле, еве на Скопска Црна Гора сега не постојат, а се една од главните причини. И верувам дека сите треба да делуваме од секој можен аспект ако сакаме да не ни се случуваат вакви големи трагедии со катастрофални последици. 

Во однос на прашањето за името, секогаш ако има нешто ново ние тоа го информираме во функција на информација за јавноста. Поврзано со проблемот којшто Грција го има со нашето Уставно име, во последно време нема некои новини коишто би ги споделиле, веројатно и заради тоа нема споделување на некои новости со јавноста, но истовремено знаете дека наближува Самитот во Софија наближува Совет на Европа, Европскиот Совет слично, сето тоа е во најмала рака обид, да се обидеме барем, до тие датуми, секако тоа не е никаков дедлајн, но би било добро до тие датуми да се изнајде решение. Јас верувам дека следниот викенд ќе може исто така искрено, отворено со одредени алтернативи и креативни решенија коишто доаѓаат и од наша страна и од страна на Грција ќе ги доближуваме позициите. Очекувам најмалку на маргините на Самитот на Советот на Европа во Софија за Западен Балкан, да се видам со премиерот Ципрас и секако да ги искоментираме досегашните постигнувања помеѓу двајцата министри, а можеби и ќе бидеме похрабри во нашата креатива, не велам не. Но во секој случај вредно е да се обидеме до самиот крај. Јас давам шанса на процесот, мислам дека најдобар и неповторлив момент е токму сега да се изнајде решение за овој долгогодишен проблем.

Медиуми: Како ги коментирате обвинувањата вчера на Мицкоски кој тврди дека градежно државно земјиште на Општина Струмица завршило во рацете на вашиот брат. Општина Струмица, ниту СДСМ не ги демантираа овие обвинувања?

И Општина Струмица и СДСМ ги демантираа овие обвинувања. Заради тоа што тоа се актуелни предмети уште пред неколку години коишто се коментирале, биле проверувани од многубројните инспекции коишто биле во Општина Струмица, од градежен испекторат, до управен инспекторат. Се што е поврзано со Заеви, буквално е растресено од главата па надолу, како што знае да каже нашиот народ. Апсолутно се работи за комплетно законска процедура којашто е испочитувана до самиот крај и се знае дека и кога било продадено тоа земјиште потпишан е друг согласно Законот за судир на интереси и антикорупција, и апсолутно е направено по буквар, почитувајќи го целосно законодавството во Македонија. Блесавоста да се излезе со нешто коешто е апсолвирано не од претседател на некоја мала политичка партија па да шириме шпекулации туку од претседател на ВМРО ДПМНЕ е нешто коешто кажува за сериозноста на ликот и на човекот којшто тоа го зборува, а и за политичката партија којашто ја води. Соодветно секојпат ќе добивате одговори за се, јас сум транспарентен, зборувајќи дури и за мојот брат, за моето семејство, немаме што да криеме ние се што имаме ни е овде во Македонија и тоа е јавно, достапно, транспарентно секогаш. Ако се случило некојпат да има некоја грешка, тогаш поправаме. Ако сме направиле прекршување на законот, за пример треба да се одговара за такви работи. Така што јас останувам преку мотивација и на семејните фирми коишто се сопственост и на брат ми но и на братучедите да продолжат да инвестираат во Македонија. Да продолжат да плаќаат даноци и да даваат плати.

 

 

 

 

 

Последни вести