fbpx

Заев: Ја барам поддршката за Бочварски, затоа што верувам дека носи блeскава иднина за сите во Штип

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Зоран Заев, претседател на Социјалдемократски сојуз на Македонија
Штип, 21.10.2017

 

Ја продолжуваме кампањата во вториот круг во Општина Штип, убедени дека ќе ја завршиме работата и конечно и Штип ќе понесе победа и промените ќе бидат заокружени и тука. Имаме прекрасен кандидат, со кој во пријателска атмосфера ја водиме кампањата и се обидуваме да допреме до сите граѓани. Денеска сме во посета на населбите, бевме во Караорман во долниот и во горниот дел, сега сме во Сењак. Продолжуваме понатаму по другите населби во општина Штип, за директно да поразговараме со граѓаните.

Ја бараме поддршката заради тоа што веруваме дека идните перспективи на Штип, кога веќе е оформено и мнозинството во Советот, се многу јасни. Јас сум убеден дека граѓаните веќе знаат како да го дадат својот глас, но нашиот ред кој што го почитуваме до крај, е да го дадеме зборот пред граѓаните, не само заради тоа што имаме прекрасен кандидат, Програмата е прекрасна и се вклопува со Програмата на Владата на Република Македонија. Локалната и централната власт заедно, можеме да реализираме крупни проекти во Штип.

Да споменам само неколку, браната која што мораме да ја направиме е еден од покрупните проекти, гасификацијата на Штип, затворениот базен, инфраструктурните проекти кои што се децидно наброени во Програмата на Благој Бочварски. Јас верувам дека ќе претставува блескава иднина за сите граѓани во центарот на нашиот источен регион, како што си личи.

Она што во вториот дел на изборите е новина, ние сме засилени со ВМРО Народна партија. Заедно со нас е Никола Тасев, членот на извршниот комитет на Народна партија. Коалицијата е потврдена на централно ниво, заедно стоиме во таа коалиција. Јас верувам дека дополнителната поддршка од граѓаните, симпатизери, поддржувачи на Народна партија, ќе ја појачаат самата разлика, која што сакаме да ја направиме во вториот изборен круг, гледајќи напред пред перспективите, коишто доаѓаат и за Штип и за целиот наш источен регион, заради тоа што знаете и премиерот потекнува од источниот регион на државата.

Јас сум убеден дека со ваков човек, којшто директно е мој пријател, мој потпретседател на партијата, млад, енергичен, живее со огромна љубов да се вгради во Штип, да блеска Штип како што си е редот, убеден сум дека доаѓаат сериозни убави перспективи, за сите граѓани коишто живеат во Штип, без разлика на нивната определба, етничка, партиска, верска или каква било друга, верувајќи дека заврши времето на политиканство на поделби помеѓу граѓаните. Тоа буквално завршува на 29ти октомври. После тоа работиме во интерес на сите граѓани на општина Штип, на сите граѓани на Република Македонија.

 

 

 

 

 

Последни вести