fbpx

Шилегов: Приоритет во мојот мандат ќе биде да обезбедиме здрава вода и чист воздух во Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје
Скопје, 08.10.2017

 

Добар ден,

Денеска сме на Матка, на покана на хуманитарното еколошко друштво „Извор“. Благодарност до оваа граѓанска иницијатива која што не повика да присуствуваме на нивната грижа за негрижата за градот досега.

Имено, овдека се поставува дел од урбана опрема,се уредуваат долу стазите покрај патеката за кајак на диви води, која што е целосно неуредена, запоставена, зарасната во трње, во трева и во растенија. Екологијата и животната средина се клучни приоритети на новата градска администрација која што ќе ја предводиме во наредните четири години. На граѓаните на Скопје им се потребни повеќе вакви локалитети, на граѓаните на Скопје им е потребно повеќе зеленило, повеќе паркови со цел сите да живееме и нашите деца да растат во една здрава, еколошко прифатлива животна средина.

По превземањето на мандатот, веднаш ќе започнеме активности за уредување и на овој локалитет Матка, и за уредување на спортско-рекреативниот центар „Треска“, со цел да го направиме попристапен, поуреден, до граѓаните на Скопје, како би можеле ова непроценливо природно богатство да можат да го користат во текот на целата година, во едни нормални услови, во чиста средина, без овие запоставени стази, без овие запуштени места, неисчистени, неизметени, неискосена трева, каде што се уништува целосната инфраструктура на овој комплекс.

Суштината на мојот мандат во текот на наредните четири години е да обезбедиме чиста и здрава вода за пиење, чист и здрав воздух за граѓаните на Град Скопје, затоа што се тие клучни за нашето здравје, клучни за нашиот живот.

Граѓаните се сериозни во овие барања, во целост ја имаат разбрано опасноста. Токму денешната акција на оваа граѓанска иницијатива е потврда за ваквите наши тврдења. Токму заради тоа во градот Скопје го воведуваме правилото за задолжително надоместување на загубеното зеленило заради вршење на определени градежни работи.

Независно дали е граѓанска иницијатива, независно од тоа од кого таа иницијатива потекнува, јас и мојот тим секогаш ќе бидеме тука, да поддржиме акции кои што се во интерес на градот, кои што значат подобар и поквалитетен живот за сите нас, а постојното зеленило ќе биде целосно заштитено, односно ќе биде ставен мораториум на било какво вршење на градба врз постојните зелени површини во градот.

Токму заради тоа, почитувани, драги сограѓани ве повикувам на 15ти октомври масовно во најголем можен број да излезете, да ја завршиме работата уште во првиот круг, да заокружите број 19 за да го вратиме животот во Скопје, во сите негови делови како што е оваа природна убавина.

 

 

Последни вести