fbpx

Апчевска: Поради неспособноста на Трајановски старата железничка станица стана симбол на запуштеност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Анжелика Апчевска, кандидатка за член на Советот на град Скопје
Скопје, 08.10.2017

Почитувани,

Старата железничка станица e лузната на Скопје, но и симбол на светската солидарност по катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963 година. За тоа сведочеа и откорнатите букви од источниот ѕид: „Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме…“

Денес, поради неспособноста на Коце Трајановски, железничка станица е симбол на запуштеност, затвореност, нечистотија и негрижа за душата на предземјотресно Скопје.

Тотална негрижа од страна на градоначалникот на Скопје која ги навредува сите скопјани кои имаат претрпено загуби за време на катастрофалниот земјотрес.
Не помалку навредливо беше и ветувањето на Коце Трајановски за „Реставрирање на големиот часовник кај старата железничка станица“. Не забораваме дека Коце Трајановски вети дека ќе го уништи препознатливиот скопски симбол, за на негово место да постави нов часовник кој секој час би го означувал со песна.

Скопјани со жестоки реакции го спречија Коце Трајановски да го реализира овој забеган проект. За жал, не успеаја да ги спречат напорите на Груевски и Трајановски за бришење на скопската историја. Тие ги отстранија буквите кои симболизираа светска солидарност и преименуваа улици на светски градови кои помогнаа Скопје да биде повторно изградено.

По 15ти Октомври, ќе го вратиме културниот живот на старата железничка станица. Ќе ги вратиме и буквите на источниот ѕид, и имињата на улиците кои се историски симбол за светската солидарност. Градот убав пак ќе никне, старата железничка станица ќе го добие препознатливиот сјај, а новата градска власт ќе ја негува солидарноста која го изгради модерно Скопје.

 

 

Последни вести