Изјава,
Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје
Скопје, 07.10.2017
Добар ден почитувани граѓани,
Во текот на денешниот ден, како кандидат за градоначалник и останатите кандидати од СДСМ, бевме во можност да разговараме и да слушнеме мислења од различни групации на граѓани и здруженија на граѓани.
Најпрво, во раните утрински часови со здруженијата на граѓани припадници на етничките заедници кои не се опфатени во рамките на уставот на Македонија, како што се Црногорците, Ерменци, Полјаци, Руси кои што живеат во нашиот главен град и овде на иницијатива на здруженијата на граѓани предводени од фондацијата Фридрих Еберт.
Јас сум навистина среќен што ќе водам град или ќе водиме општини во коишто граѓаните ги даваат своите иницијативи, ги даваат своите размислувања, за тоа како може да се подобри животот во градот или општината каде припаѓаат.
Во име на СДСМ, во име на кандидат за градоначалник и во име на кандидатите за општински градоначалници, потпишавме и обврска наша, дека општините со кои ќе раководиме во градот Скопје,ќе бидат отворени за соработка со невладиниот сектор со здруженијата на граѓаните и нивните иницијативи, се со цел да најдеме заеднички решенија коишто ќе помогнат за подобрување или урбанизирање на секојдневниот живот на нашите граѓани. Граѓаните на Скопје мора да учествуваат во креирањето на буџетските политики, буџетот ќе биде транспарентен, на начин што ќе биде во секој момент ќе биде позната информацијата како се собираат и како се трошат средствата, особено во делот којшто се однесува на невладиниот и граѓански сектор, бидејќи тука станува збор за финансирање кое што е заедничко со невладиниот сектор.
Градот Скопје и општините во градот Скопје, мора да создадат систем на локална самоуправа во кој ќе ја вратиме концентрацијата кон месните заедници, кон локалното население. Нив ги опремуваме со современа опрема, со цел граѓаните, од нив да имаат свртилиште и да имаат како да ги формализираат своите барања. Нудиме брза и транспарентна услуга, граѓаните да можат и во тие канцеларии на едно место да ги завршат своите потреби и за локалната власт и за централната власт.
Поинаквата локална самоуправа, блиска до граѓаните е суштината на еден демократски живот, тоа е она што го носиме со нас. За реализација на ваквиот бит на Скопје, за вакви општини, за развој на локалната самоуправа, ве повикувам на 15ти Октомври масовно да излезете на изборите, да го заокружите бројот 19 и да ја дадете поддршката, затоа што во Скопје и скопските општини го носиме животот за сите. Обезбедуваме чисти, нови градинки, чисти, затоплени училишта, инфраструктура, потребна за секој граѓанин.