fbpx

Заев: Ќе го решиме проблемот со депонијата во Кичево, преку единство ќе обезбедиме живот за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Дел од обраќање,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Митинг на СДСМ и коалицијата во Кичево – 06.10.2017

 

Не учеа татковци и дедовци, една прачка секој може да ја скрши, но десет прачки здружени не може никој да ги скрши. Вака здружени, сплотени, етнички, мултирелигиски бидете горди затоа што конечна цел на сите ни е живот за сите, живот во секое семејство, живот во Кичево, живот во Македонија.

Почитувани граѓани, ќе донесеме европски пари овде во Кичево. Веќе Струмица, Кичево и Радовиш ја реализираат пречистителната станица, при крај се, ќе ги пуштиме. Заедно соработувавме со вашиот досегашен градоначалник Фатмир Дехари. Покрај европските пари, имаме намера да спроведеме рамномерен регионален развој. Не може 700 милиони евра да се лупнат само во центарот на Скопје, тоа се пари на сите граѓани на Македонија. Парите ќе ги враќаме рамноправно во сите општини.

Овде во Кичево депонијата е голем проблем и опасност за кичевчани. Тоа го знаете и тоа ќе биде еден од приоритетите на кои ќе се посветиме. Целосно реконструкција ќе направиме на река Сушица, канализација ќе изградиме во село Другово, реконструкција на општинскиот објект воената команда, промена на греење во сите училишта, локалниот пат од село Србјани до магистралата ќе го изградиме.

Сакам да знаете, јас не сум како Груевски. Јас не дигам телефони на судии. Судиите пополека се одважуваат. Со реформите во судството, независно судство ќе носи пресуди. Ви ветувам правда во Македонија ќе има. Секој што се огрешил ќе одговара. Тој што нема докази и не е виновен нема да одговара. Но преку независно судство ќе се одговара и правда ќе има. Тоа е моето најсилно ветување, оти ако не одговараат луѓето околу мене ќе станат исти. Тоа го знам, го знаете и вие. Ако сакаме да не се повтори никогаш повеќе, мора да има одговорност во Македонија. Така ќе биде, зборот го давам и зборот е збор.

Нашата перспектива е во нашата различност. Нашата различност е нашиот ветер во грб. Доста не лажеа етнички. Заврши тоа време. Ако ги отстраниме етничките проблеми на помалите етнички заедници, но и на македонската, ќе можеме да се посветиме овде директно на вистинските проблеми на граѓаните коишто значат економија, нови работни места и инвестиции.
Јас, Владата и парламентарното мнозинство стоиме во поддршка на сите проекти што Саше ги вети директно на плоштадот во Кичево, пред граѓаните и пред своите сограѓани во градот во коишто живее и има намера да работи.

Вечерва ја барам поддршката, очекувам крик од Кичево, оти Кичево знаел во минатото да испрати крик на единство, сплотеност на заедништво. Крикот е потребен за да го истрасира комплетно патот на заедничкиот живот на сите во Република Македонија.

Барајќи ја вашата поддршка ве повикувам на 15 октомври да излеземе масовно и да гласаме за бројот 19, за Саше Кацевски и за оваа советничка листа. Да гласаме за живот во Кичево за сите, да гласаме за живот во Македонија за сите. Да живее Кичево, да живее Македонија.

 

 

Последни вести