Обраќање,
Зоран Заев, претседател на Социјалдемократски сојуз на Македонија
Македонски Брод, 06.10.2017
Oвој наш прекрасен регион може поинаку, може подобро да донесе живот за сите. Затоа го имате Живко за живот во Македонски Брод.
Дојдов прво да го дадам зборот дека ќе ја имате целата моја поддршка, поддршка на Владата и мнозинството во Парламентот за сите проекти коишто се однесуваат на квалитетна инфраструктура, поврзување со Македонски Брод и квалитетен живот за сите граѓани на Македонски Брод.
Мора да го отвориме Македонски Брод блиску до главниот град ако сакаме развој. Ќе ја поддржиме индустриската зона, ќе ја поддржиме инфраструктурата, но за да има инвестиции мора да го отвориме Македонски Брод кон главниот град.
Сите општини се за нас еднакво важни. Парите рамномерно ќе ги распределуваме еднакво насекаде во државата. Затоа се залагаме за рамномерниот регионален развој за сите.
Македонски Брод не може и не смее да си дозволи да им го продолжи рокот на траење и на оние кои ја водат општината, а што ја водеа државата. Вие рековте не на централната власт, сега е време да ја промениме локалната власт.
Да гласаме за Живко за живот во Македонски Брод. Да живее Македонски Брод, да живее Република Македонија.