Изјава за медиуми,
Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје
Скопје, 27.09.2017
Денеска сме во Општина Кисела Вода, општина како што и другите скопски општини којшто се жртви на неодговорните, непланираните и лоши политики, несоодветни за граѓаните на Град Скопје, токму заради тоа и меѓу другото, граѓаните на Скопје го дишат и најзагадениот воздух и живеат во најзагадената животна околина.
Меѓу другото во нашата програма предвидуваме и тим, луѓе којшто перманентно ќе работат на расчистување на дивите депонии, на расчистување на каналите, на расчистување на сметот како што е овој позади мене кој што го гледате со цел да обезбедиме здрава животна средина за граѓаните.
Овдека во Кисела Вода ќе започне ревитализацијата на планината Водно, од овде ќе ја започнеме и сопреме дивата сеча на шумата, ќе го ревитализираме секој оштетен дел, од овде во Кисела Вода ќе започнеме со изградба на пречистителните станици и колектори со цел да ја подобриме животната средина.
Во Скопје во моментов нема ништо подобро за нашите граѓани отколку нивното здравје. Здравјето на граѓаните и граѓаните ни се во центарот на фокусот во нашата програма.
Токму заради тоа, предвидуваме да заврши со системска работа загадувањето во текот на мандатот, заедно со кандидатот за градоначалник и градоначалник на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, ќе ги преземеме сите неопходни мерки во различни сегменти од општеството да влијаеме и да сработиме скопјани конечно да имаат здрава животна средина.
Докажавме дека граѓанинот е центарот на нашите политики на централно ниво, после победата на 15-ти октомври ќе докажеме дека интересите, здравјето на граѓаните се наш примарен интерес и на локално ниво.