fbpx

Заев од Гевгелија: Македонија да продолжиме да ја развиваме во перспективна земја!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Дел од обраќање,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Гевгелија, 26.09.2017

 

Го давам зборот да им покажеме на сите дека Гевгелија може повторно да биде горда Гевгелија, како што беше некогаш, дека може да се развива како европска општина.

Македонија тргна кон промените, не смееме овде да застанеме. Животот се враќа во Македонија. обврска моја, но обврска и ваша е да го вратиме животот во Гевгелија. Живот подеднаков за сите. Не може да има трајна иднина без фабрики, без откупни пунктови, без развојно земјоделие, тоа е иднината на Македонија.

Младите ќе одлучуваат за иднината на младите, ќе ги формираме младинските совети, ќе обезбедиме пари и од буџетот на општината и од буџетот на државата и тие ќе одлучуваат за тие пари во кои правци ќе одат, и што е важно за нив.

Почитувани граѓани,

Ова не се обични локални избори на кои се гласа само за градоначалник и совет во вашата општина, овие избори се одредница за иднината на Македонија. На овие избори одлучуваме, дали Македонија продолжува да се развива и реформира во просперитетна и среќна земја со многу пријатели или повторно ќе биде сиромашна, изолирана и поделена, дилема не треба да има.

Ве повикувам, барам поддршка заради зборот, заради иднината, заради Гевгелија, заради Македонија.

На 15-ти октомври да го заокружиме бројот 19, за живот во Гевгелија за сите, за живот во Македонија за сите.

 

 

 

Последни вести