Дел од обраќање,
Оливер Спасовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3
Општина Гази Баба, 01.12.2016
Дојде времето кога граѓаните се повеќе и повеќе се обединуваат. Се обединуваат бидејќи сфаќаат дека без промена на оваа криминална власт, нема иднина во Македонија. Затоа што ги немаме младите, затоа што возрасните немаат живот, бидејќи своите внуци ги гледаат само преку интернет. И тоа мора да се спречи час поскоро. Најголемиот дел од програмата се однесува генерално на економијата, на подобрувањето на животот, на подигнувањето на животниот стандард на граѓаните, како повеќе пари да вратиме кај граѓаните. На тој начин сите заеднички да си помогнеме и да застанеме на здрави нозе. Но тоа може да го направат само чесни и одговорни луѓе и една влада која што може да работи домаќински.
Во делот на здравството, можеме да кажеме дека Македонија нема здравство достапно до граѓаните, дека нема бесплатно здравство. Денес ако немаш пари, тогаш си готов. Ако немаш пријатели исто така. И се чудам како може тој човек, тој кој не е е минитсер за здравство, туку министер за смрт да оди низ Македониија и да ветува се си сешто пред изборите.
Предвидуваме двојно зголемување на платите на лекарите, за да останат во државното здравство во Македонија. Предвидуваме изградба на нов клинички центар, кој ќе биде на едно место а не како сега сите клиники да бидат разделени во различни згради. Ќе реновираме низа клинички болници во другите градови во Македонија. Секое рурално населено место ќе дбие матичен лекар и тој ќе го финансира државата, за денес докторите да не бараат матични пациенти. Тој што ќе работи на село ќе добие поголема плата и ќе има услови да добие приоритет при добивање на специјализација, се со цел луѓето да се мотивираат да работат на село. Предвидуваме целосно бесплатно болничко лекување, на сметка на овој сегашен министер кој се фали дека 88 000 граѓани лежеле во болница, небаре се тие туристи па ќе им наплаќеме туристичка такса. Наместо да се фалиме со намелен број на болни во државата, ние се фалиме со зголемување на болните во државата. Само болна влада може да мисли така. И затоа мора да имаме сериозни реформи.