Во трагичната исповед жената раскажува за немаштијата во која живеат таа, сопругот и нивната малолетна внука.
Јадат еднаш на ден. Сите тројца се болни, но не одат на лекар, затоа што немаат пари. Живеат под руини, меѓу глувци од кои секоја ноќ со трауми се буди девојчето кое пред скоро време останало без мајка, со своите баба и дедо.
Ова сведоштво на жената низ солзи е само едно од петстотините илјади граѓани во Македонија кои живеат во солзи и крик за промена на ужасниот начин на живот во Македонија.