Соопштение за јавност
Текстилните работници во Македонија работат во тешки услови. Не им се плаќа прекувремена работа. Имаат ниските плати. Живеат сиромашно.
Тие се една од најзагрозените категории граѓани. Дури и најпотценетите од државата, бидејки се дискриминирани со законите што ги донесе власта. Земаат помала минимална плата од другите работници во Македонија.
Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска за тоа беше вчера во Пробиштип – на панел дискусија разговараше со текстилните работнички за проблемите со коишто се соочуваат и за мерките со коишто по промените ќе се подобри нивниот животен стандард.
– Нашиот приоритет се работничките права. Ќе почнеме да ги решавама проблемите токму од вас. Ќе обезбедиме достоинствен живот за работниците. Најпрво ќе го промениме Законот за работни односи што ќе биде во интерес на работниците. Ќе го подигнеме квалитетот на животот на работниците. Ќе ја покачиме минималната плата на 12.000 денари за сите работници, тоа ќе важи и за вас во првите 4 месеци од мандатот. До крајот на мандатот се обврзуваме минималната плата да изнесува 16.000 денари. Ќе ви бидат иплаќани прекувремените работни часови, преку регистар во УЈП ќе се води евиденција за прекувремена работа, соопшти претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Царовска.
Скопје, 06.10.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА