Со овој амандман предлагаме 390 милиони денари или нешто повеќе од 6.5 милиони евра пари да се скратат од луксузот на министерството за финансии и на Владата на Република Македонија и да се дадат на поплавените. Тоа се сите оние 5000 семејства или повеќе од 20.000 наши сограѓани кои претрпеа материјална и нематеријална штета, рече пратеникот Васко Ковачевски, во однос на предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, на седница бр.86 на Комисијата за финансирање и буџет