Министерот Миновски ја издаде еврообврзницата притив законски, спротивно на член 18 став 6 од Законот за јавен долг, а заменичката министерка Бришкоска неовластено присуствувала на конференциската врска на инвеститорите. Ова лично го призна министерот за правда, рече пратеникот Васко Ковачевски во однос на дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, на 111 седница на Собранието на Р.Македонија