fbpx

Спасовски: Младите се клучниот елемент за промени во Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски
Дел од обраќање, Летен Камп на СДММ
Охрид, 10.07.2016

Најголемата загуба за Република Македонија во сите овие 10 години власт на ВМРО-ДПМНЕ е младината. Тие се луѓето, младите, коишто заминаа од државата.

Една од најголемите причини зошто многу млади луѓе заминаа од Република Македонија е тоа што не можат да го поднесат потценувањето. Во смисла на тоа дека некои необразовани кадри, со купени дипломи, ја водат Република Македонија на сметка на сите вас, коишто напорно вложувате во сопственото образование за да и помогнете на државата и да си помогнете и на самите себе си.

Сега, да застенеме сите заеднички, добро да се организираме, да ја оствариме победата и пред се да создадеме услови и да ја започнеме втората битка, којашто ќе биде многу позначајна. Тоа е битката да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат. Да понудиме такви политики коишто ќе гарантираат дека граѓаните на Македонија ќе останат овде, во Македонија. Да понудиме младински политики коишто ќе значат пронаоѓање на секој млад човек дека може да ја гради својата иднина во Република Македонија.

Сето тоа го имаме. Го имаме во една добра Програма којашто пред се претставува реална програма, којшто се темели на сите нишки на социјалдемократијата, на демократијата, солидарноста, правдата, на еднаквоста. Тоа нешто ние како СДСМ го промовираме и треба да ни биде патоказ и во водењето на идната влада на РМ.

Младите луѓе во Македонија се клучниот елемент за победа на партијата на било кои избори, посебно сега на парламентарните избори, но ќе бидат клучниот елемент и во носењето на клучните реформи во иднина.

Тој ентузијазам, таа желба што сега ја имаме, оваа енергија, само ќе ја надоградуваме во наредниот период. Солидарноста, црстината, сплотеноста ќе расте уште повеќе и ќе биде сигнал дека сите други коишто се двоумат и се мислат ќе се приклучат кон овој караван којшто ја носи победата во Македонија.

Убеден сум дека ова ќе биде период во којшто ќе се подготвиме сите заеднички, по победата, да ја смениме Република Македонија на подобро.

Да градиме поинаква иднина за сите. На крајот, сите ние, и идните генерации да се гордеат што сме биле дел од овој период, од оваа битка, којашто го направила сериозниот пресврт во Македонија.

 

Последни вести