fbpx

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Каја Шукова – кандидатка за градоначалничка на Скопје

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

Гаснењето на депонијата Дрисла со вода и пена не дава резултат. Депонијата и понатаму чади, а воздухот е загаден до степен што не може да се дише во целиот град.

Како што посочувам неколкупати досега, веднаш во Дрисла треба да влезе тешка механизација, и веднаш да дејствува. Со земја и глина за да се избие воздухот и соодветен третман на гасот. Во спротивно, може да дојде до експлозија.

Загрижува молкот на раководството на Дрисла. Граѓаните имаат право да знаат: како депонијата моментално се справува со проблемот? Кое решение го имаат? И каде го депонираат новиот отпд во меѓувреме?

Слушаме дека е формиран некаков кризен штаб. Но за вистинско решение се потребни натпартиски луѓе, експерти кои со години имаат искуство со менаџирање и управување со отпад.

Битни се граѓаните и битно е веднаш да се пристапи кон решавање на проблемот.

Не како што прави Орце Георгиевски, не како што прави ВМРО-ДПМНЕ, со бегање од народот и без преземање мерки чадот и опасноста од Дрисла нема да се решат.

Фактичката состојба најдобро покажува колку структурата под раководство на ВМРО-ДПМНЕ е неука и неспособна. Ветуваа паркови, ветуваа јавно-приватно партнерство за лични бизниси и профит, а вистинско решение за справување со отпадот нема.

Затоа, предлагам веднаш да се формира натпартиски стручен штаб и да се делува по план. Јас веќе разговарав со неколку експерти, тие се подготвени да помогнат. Не за

Каја, не за СДСМ, туку за граѓаните. Благодарам.

Последни вести