Нема учебници, СДСМ бара оставка од Јаневска!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Јованче Манасков

Нема учебници, СДСМ бара оставка од Јаневска!

Помина половина месец од почеток на учебната година, а учебници нема за илјадници ученици.

Ова е најдобар доказ за целосната неспособност на министерката Весна Јаневска.

Иако, самата Јаневска тврдеше дека на 1 септември ќе има учебници за сите ученици, дека нема да има парталави учебници, дека тие ќе бидат заменети со нови, реалноста денеска е поразителна, учебници нема, а тие што ги има се искинати и неупотребливи.

Со една работа се пофали Јаневска и излажа! Учебници нема!

Признанието на Јаневска дека учебници нема, но дека допрва ќе се обезбедувале преку донации е скандалозно.

Па што му е работа на Министерството за образование и наука, да моли донации или навреме да обезбеди книги за децата?!

За што е платена Весна Јаневска од граѓаните? За сликање или за обезбедување на основните услови за настава?

Не може учениците и родителите да бидат жртви за оваа неспособност. Поради неспособноста да обезбеди основни услови во образованието, бараме оставка од министерката Весна Јаневска.

Учениците, родителите и наставниците заслужуваат образовен систем кој функционира.

Доста беа изговори – време е за одговорност!