Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка
СДСМ: Партизацијата на М-НАВ и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се опасни за граѓаните
Почитувани,
Денес повторно гледаме како партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ директно ги доведуваат граѓаните во опасност. Радар во Контролата на летање на скопскиот аеродром се расипал. Тоа значи дека секој авион што слетува во Македонија сега зависи од импровизација, бавни процедури и надворешни радари од соседни земји.
Ова не е само технички дефект, ова е последица на насилното вдомување на партиски кадри во една од најважните институции за безбедноста на сите нас. Наместо професионалци, таму се вработуваат луѓе по партиска линија и јасно е дека срга ќе гледаме хаос и импровизација.
И македонското небото е под ризик од партизацијата која ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ секој ден.
Власта беше глува на сите предупредувањата на контролорите дека клучната опрема, вклучително и радарите и софтверот, е на работ на функционалноста.
Новото раководство вети дека наскоро ќе се инсталира целосно нов систем но тоа не се случи.
Сега ќе понесе ли некој одговорност од власта?
Наместо решенија, ВМРО-ДПМНЕ ја претвори Македонската навигација во нов плен за партиски вработувања и договори за „своите“.
Денес, резултатот е јасен:
Граѓаните и патниците се изложени на ризик.
Македонија изгледа несериозно пред светот.
Институцијата што треба да биде симбол на професионализам е сведена на партиска филијала.
Ова е истиот модел кој го гледаме насекаде од здравството, до образованието, до јавните претпријатија. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се „вдоми“ во некоја институција, следуваат корупција, неработење и колапс.
Државата не смее да биде приватна фирма на една партија. Граѓаните заслужуваат институции што функционираат, кадри избрани по знаење.
Затоа, денес прашуваме:
Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар?
До кога безбедноста на граѓаните ќе зависи од импровизациите на ВМРО-ДПМНЕ?
Уште колку институции ќе паднат во колапс пред ВМРО-ДПМНЕ да признае дека нивниот модел на владеење е опасен и погрешен?
Граѓаните гледаат и паметат. СДСМ ќе продолжи да се бори за враќање на институциите на професионалците и на граѓаните, затоа што само така можеме да изградиме безбедна и сигурна Македонија.