Прес – конференција на Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на Општина Аеродром

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани граѓани,

Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици, сообраќаен метеж, недостиг од паркинг-простор и небезбедни пешачки и велосипедски патеки. Нашата програма нуди решенија, а не празни зборови.

Во соработка со Град Скопје ќе ја завршиме изградбата на булевар АСНОМ и ќе обезбедиме нови коридори за поврзување со соседните општини, вклучително и нова сообраќајница меѓу Аеродром и Кисела Вода, како и реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“ и нејзините краци.

Дополнително, во секој дел од Аеродром планирани се локални реконструкции и проширувања: целосна реконструкција на споредни улици во Горно и Долно Лисиче, ново уредување на паркинг-просторите зад ТЦ „Скопјанка“ и ТЦ „Бисер“, како и во Ново Лисиче.

Предвидуваме реконструкција на сите сервисни улици со воведување „зона 30“, што ќе значи поголема безбедност за пешаците и велосипедистите.

Нови велосипедски патеки и воспоставување на нулта толеранција за паркирање на тротоари и пешачки патеки.

Поставуваме нови семафори кај сите училишта за максимална заштита на децата.

Реорганизацијата на паркирањето ќе се решава преку изградба на паметни паркиралишта и катни гаражи, со принципи на одржлива урбана мобилност.

Ова се решенија што директно ќе влијаат врз секојдневието на нашите граѓани: побезбеден сообраќај, поуредени улици и поголема мобилност за сите.

Заедно ќе ставиме крај на сообраќајниот хаос и ќе изградиме модерна, европска општина Аеродром – општина по мерка на граѓаните. Се бориме за нашиот дом!